Ништо од свадбата во домот на Брена – на пејачката баш ѝ е криво за снашката што ѝ беше погодена
Виктор и водителката Софија ставиле крај на врската.

Синoт на популарната пејачка Лепа Брена и Боба Живојиновиќ и неговата долгогодишна девојка ставија точка на врската, иако неколкупати се обидоа да ги надминат несогласувањата.
Виктор Живојиновиќ, синoт на славната пејачка Лепа Брена, и неговата девојка, водителката Софија Спасојевиќ, се познаваат повеќе години, а врската ја започнале пред неколку години. Во јавноста често важеа за нераздвојни, секаде се појавуваа заедно, заедно одеа и по семејни слави и прослави, а Софија го опишуваше Виктор како „љубовта на мојот живот“.
Парот, според извори блиски до нив, дури планирал и венчавка, а на социјалните мрежи често споделуваа моменти од нивниот заеднички живот.

Сепак, во последните месеци тие повеќе не се појавуваа заедно во јавност, што поттикна шпекулации дека врската се распаѓа.
„Виктор и Софија веќе скоро два месеци не се заедно. Неколку пати се виделе и се обиделе да ги надминат разликите, но не успеале. Затоа одлучиле секој да тргне по свој пат“, открива извор близок до двојката за српските медиуми.
Односот на Софија и Брена бил многу пријателски и топол, одлично се согласувале, а Брена ја сметала идната снашка за „дел од семејството“.
Сега пак, како што пишуваат српските медиуми, пејачката е тажна поради раскинувањето, но потенцирала дека не се меша во личните одлуки на синот.
„Брена е тажна, но остана во добри односи со Софија. Дури се слушнале по раскинувањето, и пејачката сè уште се надева дека Виктор и Софија можеби ќе се смират“, додава изворот.

Потсетуваме дека Виктор благодарение на љубовта кон Софија, пред две години успеа да „се стопи“ и да извојува победа над вишокот килограми. Лепа Брена никогаш не криеше дека минувала низ стресен период поради вишокот килограми на синот, како и дека се плашела дека Виктор ќе се разболи поради дебелината.
– Со Боба секогаш правевме вечери кога децата беа мали и затоа Виктор стигна до бројката од 163 килограми. Многу страдав поради тоа. Толку ми беше тешко што плачев – призна пејачката во една прилика.
– Секогаш кога ќе го погледнам добивам грутка во грлото, тој имаше само дваесет години. Се плашев дека ќе добие дијабетес – рече Брена во една прилика.
Таа тогаш нагласи дека не постоел нутриционист кој можел да влијае на него.
Сепак, во август 2023 година Виктор покажа дека е шампион во слабеење, а во успешноста да стигне до топ форма му помогна и, денес бивша, девојка Софија.



