Реклама
MAMAКафе муабет

Ништо не е поважно од среќата на нашите најмили

Реклама

Не е важно колку пари ќе однесете дома на крајот на денот, ако на вашите најмили им недостасува вашиот лик и вашата насмевка.

Не е важно колкава моќ ќе уживате во општеството, ако притоа страдат вашите најсакани. Запаметете дека во животот ништо не е поважно од среќата на вашите најмили. Најубавиот подарок кој можете да го добиете е насмевката на вашето дете. Најубавиот накит кој можете да го носите се рацете на вашите малечки кои одвај чекаат да влезете дома и да ве прегрнат.

Маркетинг

Не дозволувајте да ги пропуштите овие важни моменти. Некои работи никогаш не се повторуваат. Ќе дојде ден кога ќе се сетите дека радостите ви поминале низ вашите очи, додека вие сте зјапале непрекинато во вашиот монитор. Искористете го секое слободно време за да им се радувате на малите моменти, зашто тие го сочинуваат вистинскиот живот. Деновите минуваат брзо, не дозволувајте да му бидете роб на животот. Сето богатство на светот не може да го купи она уживање со  најблиските и смеата која одекнува од детските усни.

Бидете тука за нив, секогаш и во секое време. Создавајте спомени, не дозволувајте во староста да се каете поради сегашните погрешни избори!

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button