Наши ѕвездиНовости

Николина Пишек и во шестата деценија мами воздишки – водителката има тело што ќе ве остави без здив

Без ниту една мана

Advertisement

Николина Пишек и во шестата деценија важи за една од најзгодните водителки на овие простори.

Таа има 52 години, но се уште со своите објави на Инстаграм никого не остава рамнодушен, а посебно претставниците на посилниот пол.

Advertisement

Николина често знае да покаже како изгледаат и нејзините напорни тренинзи заради кои нема ни грам вишок, додека жените ги воодушевува со своите прекрасни и инспиративни модни комбинации.

Инстаграм/ Николина Пишек

Така беше и неодамна кога позираше во фустан со преубав цветен дезен и ја истакна својата тенка половина и убави нозе.

Advertisement

Фотографиите се направени во Италија, за време на нејзиниот одмор, а еден ден подоцна следуваше и следното издание.

Инстаграм/ Николина Пишек

Овој пат Николина позираше во костим за капење и го покажа своето тело со кое никого не остави рамнодушен.

Инстаграм/ Николина Пишек

Носеше костим за капење со „анимал принт“, а она што сите го забележаа е дека оваа жена изгледа нереално згодно.

Инстаграм/ Николина Пишек

Овие фотографии посебно им се допаднаа на мажите меѓу нејзините фанови, што може да се види и по нивните реакции.

Инстаграм/ Николина Пишек

Инаку, Николина вежба веќе со години, но и здраво се храни, а како што самата откри во една пригода, најмногу и помага intermittent fasting. Преку ден да се внесува храна во рамките на 6-8 часови, а останатиот дел од денот да се пости и да се внесуваат многу течности- за да се покрене лимфата, ги сподели Николина своите рутини.

Таа во една пригода го откри и својот совршен појадок:

„Секако дека јадам доста. Еве еден пример за лесен и вкусен појадок. Тенок омлет, со фил од сирење и спанаќ, и салата од валеријана како прилог. Прекрасно“, открива познатата водителка.

Инстаграм/ Николина Пишек

Инстаграм/ Николина Пишек

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button