Никола Станишиќ пееше од срце за Кочани, цел Балкан воодушеви – и Цеца во солзи од преголеми емоции
Пејачката ги сподели најемотивните моменти

Никола победи, Цеца никогаш посреќна
Популарната пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ сепак е појави во финалето и го бодреше своите кандидати.
Таа претходната сабота не можеше да присуствува, но овој пат реши да го одложи својот одмор и да биде со финалистите.
Принтскрин/ Јутуб, Блиц ТВ
И секако дека со овој потег воодушеви многумина, како што и ги воодушеви со преубавото издание со кое беше во финалето.
Таа за оваа пригода носеше бела кошула и необични светкави панталони, така што блескаше од глава до пети.
Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Сепак, највозбудлив момент беше кога Војо Недељковиќ соопшти дека победи нејзиниот кандидат од Македонија.
Таа веднаш скокна од радост и го гушна Никола, додека младиот пејач одвај го задржа своите солзи радосници.
Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Цеца потоа објави и една снимка на која заедно со Никола извикуваат „Победа“, видно расположени и двајцата.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение:
Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Потсетуваме, Никола цела вечер пееше македонски песни, а на крајот настапи со „Бисер балкански“ и ги воодушеви сите.
Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Еден круг претходно беше можеби и најемотивниот момент во финалето, но и во целото шоу, кога Никола ја изведе песната од ДНК „Ако утре ме нема“, и настапот го посвети на настраданите во пожарот.
Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Тој во еден момент го соблече сакото и продолжи да пее во маичката на која имаше натпис „Од срце за Кочани“.
Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Никола цело време се држеше за срцето додека пееше и понесен од емоциите одвај издржа да не заплаче.
Како сето тоа изгледше, погледнете во продолжение:
@macedonian_girl_19 #nikolastanisic #zvezdegranda #finale #makedonija #makedonijatiktok #balkan #balkantiktok #foryou #goviral #europe #fyp #skopje #explore #foryoupage #music #serbia
Снимка од овој настап сподели и Цеца на својот Инстаграм, очигледно и таа самата воодушевена од својот победник.