Никола со песната „Бисер балкански“ победи во „Ѕвездите на Гранд“ – цела Македонија навиваше за него
Никола победи во „Ѕвездите на Гранд“

Пејачот од Македонија е новиот победник
По третиот пресек од натпреварот останаа само тројца финалисти меѓу кои и пејачот од Македонија, Никола Станишиќ.
Тој настапи со познатата македонска песна „Бисер балкански“, а покрај него за победа се борат и Елвис Мешиновиќ и Зоран Ружиќ Ферари.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд, Гранд.онлајн
Со освоени преку 138.000 гласови, Никола победи во оваа сезона од „Ѕвездите на Гранд“, а кога тој победи во шоуто.
Сакам да им се заблагодарам на сите, а посебно мојата Македонија и на мојата најдобра менторка Цеца, изјави Никола по победата.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Тој на крај повторно ја изведе преубавата песна бисер балкански, а името на нашата земја ечеше во студиото.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Потсетуваме, „Бисер балкански“ е новокомпонирана македонска народна песна во изведба на пејачот Гоце Николовски.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Песната за првпат била испеана на „Фолк фест Валандово“ во 1990 година која Гоце со оваа песна ја освои и првата награда. Текстот на песната е од Јован Павловски, музиката е на Хилми Билбил а аранжманот е на Томислав Таневски. По самата изведба песната станува голем хит и многу наскоро станува широко прифатена од македонскиот народ..