Реклама
Интервју

Дизајнерите советуваат како да блеснете на новогодишната ноќ: Никола Петровски

Реклама

Никола Петровски е македонски моден дизајнер со светска визија.

Модната публика не може да остане рамнодушна на неговите грациозни вечерни тоалети, но беше подеднакво воодушевена од последната колекција пролет/лето 2014 со која покажа дека и нашите дизајнери треба да почнат да размислуваат сезона нанапред. За Штипка тој ги споделува неговите совети како вие да воодушевите на новогодишната ноќ.

Маркетинг

За кратко време успеавте да ја освоите македонската модна публика и да го привлечете вниманието на светските следачи на модниот свет. Овој Моден викенд докажавте дека подеднакво знаете што најдобро го претставува современиот маж колку што знаете во што најубаво се чувствува жената. Што би им препорачале на девојките и момците да облечат оваа новогодишна вечер за да изгледаат свечено, а сепак во склад со годините?

Маркетинг

Новогодишната ноќ го носи епитетот највеселата и најлудата ноќ во годината , па така и би требало да се чуствуваме , среќни и весели , без многу да се оптеретуваме нашиот изглед да ни биде најважниот приоритет таа ноќ.

Сè околу нас е преукрасено и светликаво , па зошто и ние да не се вклопиме во се што не опкружува и да си дозволиме по малку кич во нашиот изглед и да се украсиме и светиме доколку тоа придонеси во доброто чуство, веселото расположение и добрата забава. Една од можностите за луд помин е со вашето друштво да се договорите каде и да одите да се облечете тематски, што ќе придонесе сите да се чуствувате опуштено и расположено.

Каде и да ја дочекате Новата година, мојот предлог е да се облечете во позитивна енергија, весело расположение и задолжително како детаљ вашата широка насмевка.

Веднаш потоа следи низа празници и домашни забави за кои исто така треба да бидеме празнично дотерани. Што препорачувате да се облече на домашна семејна прослава?

Домашните семејни прослави со себе носат еден вид на романтика па класичниот изглед кошула и џемпер (по можност со традиционалните зимски шари со снегулки и елени) со сигурност ќе придонеси во убавото чуство и расположение.

Кое парче би го издвоиле што задолжително ќе го носите или би сакале да го носите на новогодишната прослава?

Мојот избор за дочекот на Новата Година е моја креација, а тоа е кошулата од која „болат“ очите а во која Димитар Андоновски настапи на Скопскиот Фестивал , во поопуштена комбинација со џинс.

?НИКОЛА ЕФТИМОВ F/W 2013/14 »

Поврзано

Back to top button