Наши ѕвезди

Никола ова НЕМА никогаш да им го заборави на Марија Шерифовиќ, Саша Поповиќ и мама Цеца

Без нив немаше да успее да победи...

Advertisement

Ова не му беше прв пат да се натпреварува во шоуто

Победникот во „Ѕвездите на Гранд“, Никола Станишиќ, во истото ова шоу се натпреваруваше и во 2020 година.

Advertisement

Никол тогаш во првиот круг не успеа да добие ниту еден глас, но Александар Милиќ Мили сепак го прими во својот тим.

Инстаграм

Но во вториот круг кога освои само четири гласови, наместо шест, Никола откри дека тогаш не вежбал со менторот.

Advertisement

Наводно Мили тогаш бил зафатен со својата турнеја, а во негова одбрана тогаш застана пејачката Вики Миљковиќ.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Таа тогаш објасни дека Никола во баражот ќе биде во нефер позиција во однос на другите кандидати затоа што не вежба.

Инстаграм

Тогаш Босанац со дозвола на Саша Поповиќ му даде уште еден глас, така што Никола директно помина во следниот круг.

Потоа Марија Шерифовиќ се огласи и праша дали може таа да го земе во својот тим, а кога доби потврден одговор од Никола, веднаш скокна во неговите прегратки и оваа сцена сите ги изненади.

Инстаграм

Потсетуваме, Никола во последната сезона за менторка ја избра Цеца, па заедно со неа триумфираа во шоуто.

Инстаграм

Тој потполно заслужено го освои првото место, а Цеца го откажа одморот за да биде со своите кандидати во финалето.

Колку победата и значи и на Цеца можевме да видиме и кога Војо Недељковиќ соопшти кој освои најмногу гласови.

Инстаграм

Цеца тогаш скокна прва и почна да го гушка Никола, кој најпрво беше збунет, но и побесен од преголемите емоции.

Како изгледаше и овој момент со Никола и Цеца која тој на Инстаграм ја нарече Мама Цеца, потсетете се тука.

Инстаграм

Емотивна порака за Марија

Инаку, Никола по победата со порака јавно ѝ се обрати на Марија Шерифовиќ откако таа соопшти дека го напушта шоуто.

Тој иако оваа сезона не беше дел од нејзиниот тим, јавно и се заблагодари на поддршката што ја имаше од неа и за сето она што го има направено за него и пред неколку години кога му беше ментор.

„Драга Марија, пред сé би сакал да ти се заблагодарам за сé што направи за мене низ целото мое натпреварување, и додека бев кај тебе во тимот, и сега… Ти се заблагодарувам за секој убав зор и секоја пофалба. Ќе му фалиш на Гранд, тоа е сигурно. Драго ми е што те запознав и што те имам во животот! Среќно во сé што замисли за понатаму“, порача Никола.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button