Наши ѕвезди

Никола откри што му вети Цеца за свадбата и зошто си ја чувствува како мајка – ова сите ги изненади!

Таа ми е како мајка, изјави Гранд ѕвездата од Македонија за својата менторка, Цеца Ражнатовиќ

Advertisement

Откри и зошто Цеца ја вика Мајка

По победата во „Ѕвездите на Гранд“, Никола Станишиќ редовно се огласува во медиумите, но и на социјалните мрежи.

Advertisement

Тој веднаш им се заблагодари на своите фанови за поддршката што ја доби од нив, но и на неговата менторка Цеца Ражнатовиќ.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

И како што и самиот откри, Цеца не само што го советувала да почне да пее македонски песни, туку и го убедила да остане во шоуто, кога Никола по трагедијата што се случила, сакал да се откаже.

„Беше во право, многу сум и благодарен заради тоа, но повеќе не би зборувал на оваа тема. Тогаш почина и братот на Вики Миљковиќ, се сеќавам… Ми кажа дека морам да го завршам она што го започнав. Не се покајав што се вратив“, изјави Никола во интервју за српскиот „Блиц“ кое целосно може да го погледнете тука.

Advertisement

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Тој потоа го додаде и следново:

„Од Цеца секогаш ја пеам ‘Ако те она одбије’, ми вети дека тоа ќе ми го пее кога ќе се женам. Пред да се запознаеме со Цеца, мислев дека со неа не би можел многу да зборувам, но таа кон мене се постави како мајка. Воопшто немав проблем со трема. Баш се трудеше околу мене, го откажа годишниот одмор за да биде во финалето со сите нас“, истакна Никола.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Инаку, Никола и додека се натпреваруваше во шоуто, повеќе пати споделуваше фотографии со Цеца, а на една од нив и напиша:

Инстаграм/ Никола Станишиќ

„Мама Цеца“.

Ова секако ги воодушеви сите, а Цеца повеќе пати има истакнато дека било кој од кандидатите секогаш може да и се јави за помош и дека секогаш ќе им биде потпора во кариерата.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Тоа впрочем може да го видиме и од нејзиниот однос кон Мики Секуловски кој минатата година беше вицешампион од нејзиниот тим, а кој по натпреварот настапува со неа на концертите.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Во врска со тоа дека како менторка на Никола Станишиќ, кој победи оваа сезона, го убедила да не се откажува, таа вели.

„Никола навистина сакам да го искористи својот вонсериски талент, тој многу добро пее и тој е повратник во ‘Ѕвездите на Гранд’. Сакаше да се откаже по трагедијата во Македонија, апсолутно го разбрав, бидејќи причината беше многу силна и потресна и болна. Тогаш зборувавме и јас му кажав дека не би требало да се откаже бидејќи со откажувањето не може да ја промени ситуацијата што се случи. Ме послуша и фала му на Господ го собравме победничкиот пехар“, изјави Цеца за „Блиц“ откривајќи детали што до тогаш не беа познати за јавноста.

Повеќе за тоа што кажа Никола за Цеца, откријте тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button