Никола имаше тешко детство, но денес е еден од омилените пејачи на Балканот – еве од кого му е талентот
Победи во шоуто и го освои целиот Балкан...

Талентот за пеење го има наследено од својот татко
Пејачот од Скопје, Никола Станишиќ, со својот талент успеа да ги освои срцата на гледачите и со помош на нивните гласови да победи во најгледаното музичко талент шоу на Балканот, „Ѕвездите на Гранд“.
Но малкумина знаат дека зад неговиот успех стои силна и емотивна приказна, но и дека и неговиот татко е музичар.

Инстаграм/ Никола Станишиќ
Имено, семејството на Никола се сели во Македонија од Косово за време на бомбардирањето на НАТО.
Негов татко пак, е Срѓан Здравковиќ, кој живее и работи во странство, а се појави и во Никогаш не е доцна.

Тие тогаш на сцената во Гранд имаа и заеднички настап, пред Никола да триумфира во популарното шоу.

Инстаграм/ Никола Станишиќ
Потсетуваме, Никола во „Ѕвездите на Гранд“ беше во тимот на Светлана Цеца Ражнатовиќ, со која остана во одлични односи.
Тој неодамна како гостин во емисијата „Гранд“ специјал откри и која песна од Цеца му е омилена, а Никола никогаш не криел колку соработката со популарната фолк дива му помогнала во кариерата. Тоа го потврди во една пригода и за „Гламур“, кога откри дека од Цеца научил многу работи, но и да верува во себе и да слуша поискусни.

Инстаграм/ Никола Станишиќ
Тој не крие дека многу песни на Цеца му се омилени, а меѓу најубавите му е „Ако таа те одбие“, изјави Никола неодамна за „Гранд специјал“.



