Никол Кидман прозбори во врска со сексуалните сцени во контроверзниот филм на Кјубрик „Очи широко затворени“ во кој глумеше со нејзиниот тогашен сопруг Том Круз.
Во интервјуто дадено за магазинот „The Hollywood Reporter“ таа призна дека се двоумела во врска со некои сцени и дека дел од нив се и исфрлени од филмот.
“Таков беше Стенли. Го користеше филмот како провокација и се преправаше дека божем се работи за нашиот сексуален живот. Ние не бевме свесни за тоа, но дефинитивно глумата во филмот немаше никаква врска со нашиот вистински приватен живот.
Кидман ги демантираше озборувањата дека таа и Том Курз се разделиле токму поради филмот и потсетува дека тие се разделиле дури две години откако филмот беше сниман.
“Многу пати ме прашуваа за што всушност се работи во филмот, но ниту јас до ден денешен не го разбирав потполно. Стенли никогаш не ни рече за што станува збор“ – призна актерката за The Hollywood Reporter.
{youtube}CoZJdil0_HI{/youtube}
Дали сте го гледале филмот? Што мислите за него?