NEWSВестиПолитика

„Никој не ти се плаши“ – Филипче со остар одговор до Мицкоски

Advertisement

Лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ) во рамки на кампањата за локалните избори од Македонски Брод упати порака до премиерот и лидер на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој досега неколку пати најави дека по завршувањето на изборниот процес ќе занимава со судството и обвинителството, по што ќе следи и смена на судии и обвинители, блиски до претходната власт на СДСМ и ДУИ.

“Го слушам Мицкоски на една трибина се заканува дека после изборите ќе менувал судии и обвинители и ќе апсел луѓе од опозицијата. И добро е што конечно ја кажа вистината.

Advertisement

Тоа што ние година и пол го зборуваме, дека не сака да прави реформи, дека не сака да писме за реформи. Сака негово партиско судство што ќе го контролира, преку кое ќе прави монтирани случаи, преку кое ќе апси луѓе што тој сака да ги апси. Ништо од тоа што го сакаат граѓаните“, рече Филипче.

Според него, граѓаните одамна ја видоа намерата на власта, оти нема да прави реформи и нема да има независно судство.

“Сакам да му порачам. Мицкоски не се заканувај, никој не ти се плаши“, кажа лидерот на СДСМ.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button