Никој НЕ МОЖЕШЕ да го тргне погледот од детаљот што познатата водителка го носеше во рацете
Со овој детаљ секое модно издание за миг станува ШИК, а полн погодок ѝ беше и фризурата

Едно од нејзините највпечатливи изданија досега
Ова издание на Лила Филиповска дефинитивно може да ја стави на тронот меѓу најубаво облечените жени во нашата земја.
Во морето неодоливи и неверојатно шик парчиња и модни додатоци што убавата водителка ни ги претстави во последно време, нејзиното најново издание дефинитивно е доказ дека оваа дама не само што не греши кога е модата во прашање, туку и дека ги диктира трендовите.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Имено, нашата позната водителка речиси секојдневно не воодушевува со својот стил – таа ги следи трендовите и секогаш е во чекор со најпознатите светки трендсетерки, а многу пати изгледа и поубаво од нив. Впрочем, така беше и овој пат…
Лила сега на Инстаграм сподели неколку фотографии на кои позираше во тесен фустан кој ги истакна нејзините атрибути.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Во прашање е креација во неодолива бордо нијанса со длабоко деколте така што во фокусот беше овој дел од нејзиното тело.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Водителката со ова издание им го привлече вниманието на сите, а посебно со еден детаљ кој не можеше да остане незабележан.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Имено, Лила целото издание го заокружи со необична златна чанта, која секоја дама би посакала да ја има во својот плакар.
„Не мора секогаш да ја кажувате вашата страна на приказната. Тоа ќе го направи времето за вас“, напиша Лила во описот.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во галеријата…
Инстаграм/ Лила Филиповска
И фризурата полн погодок…