Кога ќе помислите на Девиците, најверојатно и вам прво ви паѓа на памет нивната непрекината потреба за критикување и студенило. Сепак, не е сѐ така црно.
Иако изгледаат студени личности, тие сепак се топли, педантни и способни за сите облици на комуникација. Нивната најголема доблест е хуманоста, а најдобро се чувствуваат кога се опкружени со саканите личности и животните. Девиците партнерот го избираат според примерот за себе. Најважно им е да пронајдат некој сличен, еднакво амбициозен, упорен и што е најважно – амбициозен. Тие не поднесуваат неред и ќе ве критикуваат додека не го промените тоа.
Мислењето на другите им е особено важно на Девиците, па неретко се повлекуваат во себе ако доживеат јавна критика. Нивната најлоша страна се согледува во неуспешните љубовни врски, поради што многу често се категоризирани како ладни, критични и недостапни личости, што не е и баш реално.