Знам дека понекогаш треба да ја прифатиме загубата. Треба да го прифатиме она што не можеме да го промениме, затоа што упорно удирајќи „со главата во ѕид“ никогаш не го дава одговорот. Но, после сето ова време, после се’ што се случи, сфатив дека ние не бевме заедно во погрешното време, туку ти беше погрешниот избраник.
Сега знам дека никогаш не требаше некого да молам за да се грижи за мене. Никогаш не требаше толкави работи да прогледувам низ прсти, сакајќи да се уверам дека ти имаш љубов за мене. Но, на овие лекции ме научи ти. Можеби ти требаше да ми се случиш за да сфатам колку вредам и дека вреди да се борам за својата среќа. Постојат многу работи во животот кои чекаат на мене да бидат откриени.
Ти беше оној кој ме промени. Сега знам дека не треба да си ја трошам енергијата на нешто кое само поминува низ мојот живот. Ти ме научи дека никогаш не можеме да измолиме за љубов, затоа што тоа не е нешто материјално. Срцето не можеме да го изнудиме да дава топлина и утеха, тоа доаѓа одвнатре, но од душата на оној кој знае искрено да сака.