Реклама
Кафе муабет

Никогаш нема да заборавам дека со нашата љубов ние двајцата можевме да го промениме светот – сега останува тој да не промени нас!

Реклама

Како што одминува времето, сѐ повеќе ме болат спомените.

 1 nikogash

Како што одминува времето, сѐ повеќе ме болат спомените. Беше тивка ноќ кога реши да се оддалечиш од мене, а со тоа во душата ми всади постојан немир. Никогаш нема да заборавам што можевме да постигнеме заедно. Во моите мисли, ти беше мојата среќа. Во моите соништа, само ти беше светлата точка. На тебе ми се засноваа сите желби, сите копнежи и радосни моменти. А одеднаш, како некој тоа да ми го одзема, оставајќи ме немо да зјапам во празните денови кои ми го гризеа срцето. Ние можевме да имаме среќа за каква што многумина сонуваат. Можевме да создадеме дом чиишто темели ќе беа обликувани од љубов. За тебе копнеам со целото мое битие, па затоа никогаш нема да си простам зошто дозволив да умре тој наш заеднички потенцијал.

Маркетинг

1 nikogash

Ти живееш во секој ќош од мојот дом. Дури и ѕидовите ми шепотат колку се студени и тажни, откако повеќе не го чувствуваат твојот здив. Така вечно во мене останува да одѕвонува гласот кој постојано ме потсетува дека ние двајцата со нашата љубов можевме да го промениме светот, но сега останува тој да нѐ промени нас.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button