Никогаш не сте ја виделе, а во брак е со најбогатиот Македонец – ќе се изненадите од нејзиниот шарм
Оваа русокоса дама е сопруга на најбогатиот човек во нашата земја, но ретко се појавува во јавноста
Ова е сопругата на Живко Мукаетов
Повеќе не е тајна кој е и како изгледа најбогатиот човек во Македонија, Живко Мукаетов, кого често го гледаме во јавноста.
Тој е првиот човек на македонскиот фармацевтски гигант „Алкалоид“, но и првиот човек на ракометната федерација.
Во јавноста често ја гледаме и неговата ќерка Кристина, која од мали нозе е присутна на телевизиските екрани.
Инстаграм/ Живко Мукаетов
Имено, Кики беше дел од популарната детска емисија „Дајте музика“, а сега е позната и по нејзината емисија „Низ град со Кики“.
Инстаграм/ Кики Мукаетова
Но за разлика од Кика, нејзината мајка, односно сопругата на најбогатиот човек во Македонија, за многумина е енигма.
Тие иако веќе долги години се во брак, Емилија ретко се појавува во јавноста и не сака премногу да се експонира.
Пред неколку години имавме една од ретките прилики да ја видиме на еден престижен настан во Вашингтон, Молитвениот појадок, кој тогаш го организираше тогашниот претседател Доналд Трамп.
На овој настан каде имаше угледни гости од многу земји од светската бизнис и политичка елита, Живко беше со сопругата.
Инстаграм/ Живко Мукаетов
Емилија имавме прилика да ја видиме и деновиве, од последната објава на Живко на Инстаграм, од трибините во Вараждин.
Таа заедно со своето семејство беше да ги бодри нашите ракометари, а она што сите го забележаа е дека е вистинска убавица.
Инстаграм/ Кики Мукаетова
Имено, оваа русокоса дама плени со својот шарм, убавина и елеганција, па изгледа значително помладо и полна со енергија.
Инстаграм/ Живко Мукаетов
Можеме да ја видиме и на некои фотки што ги споделува нејзината ќерка, а од кои може да видиме и колку си личат.
Некои од овие фотки погледнете во галеријата…