Вие сте уникатни – затоа НЕ треба никогаш да се споредувате со другите жени во неговиот живот
Вие сте единствени на овој свет.
Вие сте единствени на овој свет.
Никоја порано, ниту пак во иднина нема да ги има вашите желби, доблести, мани и карактеристики. Вашата привлечност е уникатна и извира од длабочината на вашата душа.
Можеби претходните девојки ги имале идеалните пропорции на телото, имале лице за кое вие отсекогаш сте сонувале и незаменлива коса како телевизиските актерки. Но, ниту една од нив го немала склопот на вредности кои го имате вие. Ниту една ја немала истата душа, истиот поглед и истата насмевка. Животот е многу повеќе од идеалната надворешна слика. Животот е многу повеќе од облеката и шминката.
Затоа, никогаш не споредувајте се оние што поминале низ неговиот живот. Можеби токму вашата несовршена надворешност и грижлива личност придонеле тој да ви го подари срцето токму вам. Секоја од вас има посебен дар од Бога кој ве прави неверојатни. Ценете се себеси и доживувајте се како нешто посебно, затоа што и тоа сте.