Зошто да се со другите? Тоа само ќе ве прави понесреќни и помалку расположени. Секоја личност е посебна, со посебни искуства, желби и намери.
Никогаш не знаете каков е животот на некоја личност. Можеби однадвор ви изгледа среќно и исполнето, но внатре во душата можеби крие многу нерешени тајни, болка и страв. Вие само ја гледате надворешноста на една личност, па така ви изгледа неодоливо. Ако се споредувате со другите, никогаш нема да бидете задоволни самите со себе. Бидете благодарни за она што Бог ви го подарил. Секако дека на сите ни се случуваат лоши работи, но научете да издржите кога е најтешко и да ја извлечете најдобрата лекција од сето тоа. Ако дозволите лошите работи да ви го уништат денот, тогаш вие избирате да бидете несреќни.
Кога последен пат помисливте дека сте среќни што имате семејство и кров над глава? Помислувајте почесто! Зграпчете ги можностите кои ви ги нуди животот и живејте со полна пареа. Секој човек во себе носи нешто посебно, а на вас останува дали тоа ќе го искористите во своја полза!