Никогаш не сме спремни да ги пуштиме саканите да си заминат од нас, оние кои ни го направиле животот подобар. Никогаш не сме спремни да кажеме збогум на некој кој не’ научил на вистинските вредности во животот. Никогаш не сме спремни да го загубиме нашиот партнер, нашиот најдобар пријател. Никогаш не сме спремни за збогувања, за крај, за болка и тага.
Не сме подготвени да се разбудиме утрото и да сфатиме дека некој повеќе не е дел од наживот живот. Не знаеме како да продолжиме понатаму без таа личност и нејзината поддршка и љубов. Никогаш не сме спремни да изгубиме нечија прегратка и нечии бакнежи. Без нив секогаш ќе чувствуваме студенило. Ние не сме спремни да бидеме сами.
Но, понекогаш мораме да сфатиме дека загубите едноставно постојат и тоа е дел од нашето животно патување. Сме љубеле – и сме изгубиле. Сме имале – сме останале без ништо. Сме изгубиле еден свет со топлина и љубов, но не сме го изгубиле целиот свет. Понекогаш тагата не’ обликува онакви какви што сме. Поради некои случувања, не можеме да престанеме да љубиме и не можеме да ја затвориме вратата за секој кој ќе затропа на неа. Треба да се потсетиме на тоа колку тие личности кои биле со нас, не’ научиле дека можеме да бидеме силни и издржливи.
Не треба да дозволиме тагата да не’ дефинира засекогаш. Можеме да ја искористиме во наша цел и да научиме да љубиме подлабоко и посилно.