ИнтервјуПортрети
COVER STORY

Никогаш не престанав да иновирам и да експериментирам – бизнис приказни со Наташа Петровска од Фигурела

Нема проблем на наша клиентка, кој Фигурела не може да го реши, вели Наташа Петровска за Гламур магазин

Advertisement

Гламур интервју со Наташа Петровска – Фигурела

Наташа Петровска е прекрасна, харизматична и преубава дама. Таа е сопственик и основач на салонот за убавина Фигурела, бренд кој на нашиот пазар трае повеќе од 15 години. Таа во интервјуто за Гламур магазин посочува дека во почетокот бил тежок патот да се развие бизнисот поради скептичноста на нашите дами за се’ ново што се отвора кај нас, но денес  вели дека бил убав предизвикот да се запознаат жените со Фигурела и каков е начинот на слабеење.

Advertisement

Што друго ни откри оваа наша успешна дама за себе, но и за својот бизнис, прочитајте во продолжение.

Приватна архива

Прашање: Наташа, Вие сте сопственик и основач на салонот за убавина Фигурела, бренд кој на нашиот пазар трае повеќе од 15 години. Како почна приказната со Фигурела?

Со Фигурела за првпат се сретнав во Виена. Методот го испробав на себе, видов колку е ефикасен и многу ми се допадна. Кратко потоа сакав да ја донесам франшизата во Македонија за да им ја доближам и на нашите дами. Отворањето на Фигурела во Македонија се случи во 1999 година и еве успешно функционираме до денес, со огромен број задоволни клиентки. Франшизата ја купивме од Италија (Милано) и после сите успешно завршени обуки, почнавме со работа.

Прашање: Кои беа некои од предизвиците со кои се соочивте во раните фази?

Во почетокот беше тежок патот, бидејќи нашите дами беа малку скептични, како за сѐ ново што доаѓа во нашата држава. Беше убав предизвик да ги запознаеме жените со Фигурела и каков е начинот на слабеење. Тоа е природен физиолошки метод кој се темели на научни факти, не е магично стапче, потребно е да имате активност, преку која се обликува женското тело, а воедно има и многу здравствени бенефити.

Advertisement

Прашање: Колку време беше потребно да го развиете Вашиот бизнис?

Како што споменав, на почетокот имавме многу предизвици, додека ги научиме девојките што е во суштина Фигурела. Потребна ни беше околу една година за да се развие бизнисот како што треба, меѓутоа, успешен бизнис постојано се развива и надградува. Никогаш не престанав да иновирам и да експериментирам. Оваа работа постојано си бара “upgrade” за да останете на врвот.

Приватна архива

Прашање: Какви сѐ третмани, односно што сѐ нуди центарот за убавина Фигурела?

Фигурела се издвојува од останатите по тоа што е прв револуционерен салон за ремоделирање на женското тело и пред сѐ е светски бренд каде што за вашите ветени резултати добивате писмена гаранција.

Притоа, функционалноста на овој метод е поткрепена со Нобелова награда што ја добил холанскиот научник Ванд Хоф, а истата е добиена поради бенефитите од температурата на која се изведуваат движењата во Фигурела. Исто така, се издвојуваме од останатите бидејќи Фигурела во светот постои 43, а во Македонија 16 години, па искуството си го прави своето. Нема проблем на наша клиентка, кој Фигурела не може да го реши.

Прашање: Основач сте и на брендот за убавина и нега „Natella Beauty“. Како дојдовте до идејата да го создадете и овој бренд?

Сакам да иновирам, постојано да се надградувам и да напредувам. Многу години се соочувам со женски проблеми и желби – како мои, така и на моите клиентки. Убавината и здравјето на жената отсекогаш ме интересирало и ме мотивирало.

Приватна архива

Затоа дојдов до идеја да изградам постепено сопствен бренд на производи за убавина, коишто и јас самата ги користам и истражувам. Натела е на сам почеток и никаде не брзам. Сѐ што ќе излезе од Натела сакам да биде исклучително квалитетно и единствено.

Прашање: Каков совет би им дале на аспирантите жени претприемачи кои сакаат да се пробијат во индустријата за убавина?

Не сум сигурна колку сум компетентна да ги советувам останатите жени, бидејќи вистината е дека јас се водам по сопствената интуиција и желба. Но, можеби тоа е и добар совет.

Да ја следат сопствената интуиција и ако е убавината тоа што ги инспирира, да не се плашат од исходот. Ако го следите тоа што ви го вели срцето, нема да имате неуспех во тоа што го создавате.

Прашање: Урамнотежувањето на барањата за водење успешен бизнис и личниот живот може да биде предизвик. Како одржувате здрава рамнотежа помеѓу работата и животот и кои стратегии ги применувате за да се осигурате дека се грижите за себе, а истовремено ја движите Вашата компанија напред?

Не сум сигурна дека одржувам здрава рамнотежа :) Меѓутоа, многу се трудам. Настојувам во денот да имам физичка активност, тоа ме полни со енергија. А во исто време сум во тек што им треба на моите клиенти кога вежбаат и како да ги унапредиме. Тоа што го применувам за себе, го имплементирам и во работата и знам дека ако мене како жена ми годи – ќе им биде од корист и на моите клиентки. Се трудам да јадам здраво колку што можам, бидејќи грижата за здравјето е многу важна, за да може да се грижите и за останатите сегменти во животот.

Прашање: Колку според Вас жените се носат рамо до рамо со мажите во бизнис секторот, постои ли дискриминација?

Мислам дека работите се променети за разлика од порано. Денес има многу успешни деловни жени. До неодамна кај нас жените беа многу повеќе дискриминирани, беше тешко како жена да се изборите да ве сфатат сериозно и беше потребно многу повеќе труд и докажување за да бидете гледани подеднакво со мажите, но за среќа во последниве години мислам дека ние жените се изборивме да бидеме подеднакво успешни и почитувани во бизнис секторот.

Приватна архива

Прашање: Kолку нашите жени знаат да се негуваат и колку посетуваат салони за убавина?

Нашите жени сѐ повеќе обрнуваат внимание на својот изглед и на своето здравје, што многу ме радува. Ние сме генетски убава нација, меѓутоа жените кај нас немаа култура за негување и посетување на салони за убавина. Тоа го правеше само некој мал процент на жени. Но, исто така во моето досегашно искуство со Фигурела, секоја година гледам како сѐ повеќе жени обрнуваат внимание на себе и својот изглед. И мислам дека сега свеста кај жените за себе и за грижата за себе е далеку поголема. Дали тоа е наметнато од страна на социјалните мрежи каде што убавината на жената е многу потенцирана или од некој друг фактор, незнам . Меѓутоа, жените почнаа многу повеќе да се сакаат себеси.

Прашање: Каде и како Наташа освен во Фигурела ги полни бартериите, имате ли некое друго хоби?

Ако сум многу исцрпена и истрошена, дефинитивно моето полнење на батериите се патувањата. Имам лимит колку максимум можам да бидам во Скопје, ако го надминам лимитот, тогаш губам инспирација, не сум продуктивна и тоа ми е аларм дека морам да отидам на некое патување, да се рестартирам и да соберам сила за да можам да продолжам со продуктивноста.

Прашање: На крај, дали постои одредена мантра, цитат или потврда што ја држите блиску до вашето срце?

Следете ги вашето срце и интуиција, тие најдобро знаат што е најдобро за вас.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button