MAMAДом и семејство

Никогаш не ги чистете овие предмети со оцет – може трајно да ги оштетите

Иако оцетот навистина е евтин и природен сојузник во чистењето, важно е да знаете кога не треба да го користите. Погрешната примена може да направи повеќе штета отколку корист, особено кога станува збор за скапи апарати и природни материјали.

Advertisement

Иако оцетот често се препорачува како природно и ефикасно средство за чистење во домаќинството, неговата употреба не е секогаш безопасна.

Поради неговата киселост, оцетот може да предизвика трајни оштетувања на одредени површини и апарати за домаќинство.

Advertisement

Не секоја површина е погодна за чистење со оваа киселина, во некои случаи, штетата може да биде неповратна. Еве кои предмети никогаш не треба да ги чистите со оцет:

пекселс

Природен камен (гранит, мермер, кварц и сл.)

Киселината во оцетот може да ја нагризе површината, да го уништи природниот сјај и да ја оштети заштитната облога на каменот, односно маермерот.

Наместо оцет, користете чистачи со неутрален pH, специјално наменети за природен камен.

Advertisement

Машина за садови

Оцетот може да ги оштети гумените делови и споеви во машината, што може да доведе до протекување или до дефекти.

Подобра алтернатива е сода бикарбона или средства препорачани од производителот.

Машина за перење

Иако некои домаќинки препорачуваат оцет за одржување на машината за перење, честото користење може да предизвика пукање на гумените делови.

За чистење користете тополa вода и сода бикарбона, кои се поблаги, но ефективни.

Нерѓосувачки челик (инокс)

Редовната употреба на оцет може да предизвика дамки, изгребани површини и губење на заштитниот слој. Наместо тоа, исчистете со мекa крпа, благ детергент и топла вода.

пекселс

Дрвени подови и мебел

Оцетот ја суши дрвената површина, ја оштетува заштитната полиуретанска облога и остава леплива трага. Користете специјализирани препарати за дрво, и избегнувајте премногу влажни крпи.

Кожни производи

Оцетот ги отстранува природните масла од кожата, што може да доведе до сушење, пукање и губење на еластичноста.

За кожни јакни, чанти и мебел користете производи наменети за нега на кожа.

Кујнски ножеви

Посебно ножевите од јаглероден челик се чувствителни на оцетот. Контактот со оцет може да предизвика корозија и губење на острината.

Измијте ги со благ детергент и добро избришете ги.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button