Кафе муабет

Никогаш не дозволувајте да ја изгубите надежта во животот

Advertisement

Каков би бил човекот доколку би немал надеж за утрешниот ден?

maani

Advertisement

Каков би бил човекот доколку би немал надеж за утрешниот ден? Со какви мисли ќе заспива навечер, а со какви ќе се буди наутро? Дали и тогаш животот би се нарекувал „живот“? Она што ве тера да станете од кревет, да ги протриете своите очи да ја подигнете вашата глава – тоа е вашата надеж. Надеж која се раѓа од самиот факт што вие сте живи и дека од Бог ви е даден уште еден нов ден, ден кога треба повторно и повторно да го барате своето место под ова небо. Животот носи и одзема. Во еден момент ве става горди на пиедесталот, а веќе во наредниот се гледате себеси како ги собирате паднатите трошки од земјата. Една секунда не можете да ја сопрете смеата, а друга секунда ви се навлажнуваат вашите раце бришејќи ги врелите солзи. Еден ден имате сѐ, а веќе другиот ден го чувствувате студенилото на празнината. Таков е животот. Такви се и луѓето. Такво е живеењето. Но ниту една состојба не е вечна. Ниту еден миг не трае засекогаш. Можеби болката ќе остане во вас, а последиците ќе ги чувствувате и понатаму, но и покрај сето ова, од некое мало ќоше ќе се појават сончевите зраци, кои ќе ве помилуваат и ќе ве потсетат дека сте живи. Не дозволувајте да бидете опседнати од вечно студенило, барајте ја надежта која многу често знае да биде скриена помеѓу купиштата болка. Загубата е тешка затоа што со себе однесува и дел од вас, а ви ги остава спомените кои постојано ве потсетуваат дека ви недостига нешто, но покрај сето тоа, не дозволувајте си да ја изгубите и вашата надеж. Токму надежта е зрното семе од кое после одредено време ќе израсне нешто поголемо, а потоа и ќе почне да дава и плодови. Да, тоа истото мало семе кое навидум е безначајно, по одредено време и со одредена грижа, ќе успее да биде корисно и самото тоа да придонесува со нешто во овој свет.

надезх

Така е и со надежта. Негувајте го тоа мало зрно кое ќе го пронајдете. Никогаш не заборавајте да се потсетите на неа и да ѝ отворите посебно место во вашето срце. Кога ќе мислите дека немате ништо друго на овој свет, дозволете ѝ на надежта да ги презема работите во свои раце!

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button