Реклама
Интервју

Никогаш не би ја облекла мојата стара облека, не планирам да се вратам на таа килажа – интервју со Анета Љумаковска

Реклама

Пејачката Анета Љумаковска е дефинитивно еден од најдобрите вокали на нашата естрада. Таа е поим за дама кога се работи за нејзиниот стил на однесување и облекување.

 

Маркетинг

Во последно време очите на јавноста се посебно вперени кон убавата Анета, откако таа и нејзиниот поранешен сопруг неодамна ја објавија веста дека се разведуваат.  Пејачката била отсекогаш прекрасна, но сега се чини како расцветана пупка.

Посебно се забележува нејзиниот сјај, промената на нејзиниот имиџ и драстичното намалување на килограмите.

Маркетинг

За сите жени кои се борат со проблемот вишок на килограми и сакаат да го дознаат висиинскиот лек за тоа како да ја постигнат посакуваната тежина прочитајте го интервјуто со Анета Љумаковска во продолжение и можеби ги стигнете до вашиот одговор.

Принтскрин. Јутјуб, ИН ТВ

На што се должи драстичното намалување на килограмите, дали практикувате некоја посебна исхрана, откријте ни која е тајната?

Пред се Ви благодарам за пофалните зборови. Искрено цел живот испитувам, испробувам за да ја пронајдам правилната исхрана што мене ми одговара и конечно после толку години ја пронајдов. Мое мисење е дека секој човек треба сам да си биде нутриционист, бидејќи никој не ни го познава телото подобро од нас самите.

 

Дали имате стилист? Со кого работите при изборот што ќе облечете за некој јавен настап?

Точно е дека секоја јаввна личност треба да внимава на комплетниот изглед бидејќи сцената го бара тоа. Покрај гласот, треба и д аизгледа убаво. Секако дека имам луѓе кои се грижат за мојот изглед и тоа не само од женска страна, туку и од машка страна, бидејќи треба и тоа да го запазиме, да биде убаво пристојно впечатливо секси, но сепак пристојно и културно.

Дали имате модна инспирација?

Искрено немам модна инспирација не гледам кој како се облекува па потоа јас да го облекувам истото бидејќи тоа што и стои на некоја друга чичност не мора да значи дека и мене ќе ми стои. Да, пратам мода меѓутоа облекувам тоа што мене ми стои убаво и пред се јас да се осеќам пристојно во таа облека.

Кој ви е омилен бренд за облека и модни додатоци?

„Томи Хилфигер“ ми е омилен бренд, но не значи дека ја носам само таа марка, носам се што е убаво. Кога станува збор за спортска облека обозавам „Nike“.

Дали сте купохоличарка?

Никогаш не сум била купохоличарка меѓутоа сега откако драстично ја сменив намалив килажата ја сменив цела гардероба и купувам многу често.

Што мислите за „second hand“ облеката, дали некогаш сте купиле вакво парче?

Не, никогаш не сум купувала таква облека и несум размислувала на тоа има луѓе кои размислуваат поинаку и ја купуваат таа облека и немаат никакви предрасуди.

Што ја прави жената убава?

Љубоввта. 🙂🙂🙂

Кои јавни личности од Македонија би ги издвоиле како модни икони?

Лила Филиповска, секогаш ми е скоцкана од глава до пети.

Каде мислите дека сте изгледале најубаво досега?

На еден мој настап во Данска.

Анета Љумаковска – пред настапот во Данска

Што не би облекле никогаш?

Никогаш не би ги облекла тие парчиња облека што сум ги носела пред да се променам бидејќи не планирам да се вратам на таа килажа никогаш повеќе :)

Дали се срамите или се гордеете од тоа како сте изгледале на матура? :)

Не се срамам од тоа воопшто, напротив се гордеам бидејќи тогаш модата беше многу поинаква од сега. Се во свое време.

 Ако ѕирнеме во вашата чанта што ќе најдеме?

Подобро да не ѕиркате 🙂🙂🙂(хаха) бидејќи во една женска ташна се можете да најдете само едно не. Ред! хахаха (се смее)

Во која облека ви е најудобно?

Најдобро ми е кога сум облечена спорстки.

На кој начин се грижите за вашата кожа?

Како и секоја жена жво мои години се грижам за својата кожа , но не навлегувам многу во тие третмани подење по козметичари . Посетувам од време на време само за рутинско чистење на лицетосе друго е денетика.

Практикувате ли псоебен третман за одржување на косата?

Искрено не. Секогаш користам исти препарати не ги менувам и тоа е тоа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button