Реклама
MAMAБебиња

Никако не ја давајте оваа храна на бебиња иако мислите дека е здрава – опасност од труење или задушување

Иако многу намирници се безбедни и хранливи за бебињата, некои претставуваат поголем ризик од задушување, алергии, труење или болести кои се пренесуваат преку храна.

Реклама

Воведувањето на цврста храна за вашето бебе е значаен чекор во неговиот развој, но исто така може да биде извор на загриженост за безбедноста и исхраната.

Иако многу намирници се безбедни и хранливи за бебињата, некои претставуваат поголем ризик од задушување, алергии, труење или болести кои се пренесуваат преку храна.

Како родител, важно е да бидете свесни за овие ризици и да преземете мерки за да ги минимизирате. Еве водич за некои од најризичните намирници што никако не треба да ги давате на вашето бебе или пак, можете да ги воведете во исханата- но само ако безбедно ги подготвите.

Маркетинг

Пуканки

Иако пуканките се омилена закуска за многу возрасни и деца, тие не се погодни за бебиња. Тврдите, мали зрна брзо можат да се заглават во грлото на бебето, што доведува до задушување. Дополнително, пуканките можат да бидат тешки за варење за бебињата и да предизвикаат стомачни проблеми. Избегнувајте да давате пуканки на бебињата додека не пораснат и можат поефикасно да џвакаат.

Кравјо млеко

Кравјото млеко е лош избор за бебиња помлади од една година, бидејќи може да биде предизвик за варење и му недостасуваат есенцијални хранливи материи како железо и витамин Е.

Маркетинг

Понатаму, кравјото млеко може да предизвика алергиски реакции кај некои новороденчиња. Наместо кравјо млеко, мајчиното млеко или беби-формулата се најдобар извор на исхрана за бебињата во текот на првата година.

По првата година, можете постепено да воведувате полномасно кравјо млеко или збогатени алтернативи.

Мед

Медот е здрав и е вообичаена состојка во домаќинствата, кој многу родители можеби не го разбираат како опасен за бебиња. Медот може да содржи состојки на Клостридиум ботулинум, бактерија која може да предизвика ботулизам (тешка форма на труење со храна) кај новороденчиња помлади од една година.

Нивниот незрел дигестивен систем не можат ефикасно да се справи со овие состојки, што доведува до потенцијално сериозно заболување. Најдобро е да се избегнува да се дава мед на бебиња до нивниот прв роденден.

Цело грозје и чери домати

Оваа ситна, округла храна е совршена за да се заглави во грлото на бебето и претставува сериозна опасност од задушување.

За да бидете повнимателни, исечете го грозјето на четвртини и чери доматите на половини или четвртини. Ова го намалува ризикот од задушување и овозможува на вашето бебе да ужива во оваа хранлива храна.

Тврди ореви, леблебија, лешници и семки

Тврди ореви и семки од тиква или од сончоглед, но и кикирики, бадеми и лешници, особено леблебија (која дополнително набубрува во грлото), претставуваат голема опасност од задушување за бебињата, затоа сосема избегнувајте ги дури и ако се фино млени или пасирани.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button