Ние сечеме вени на Аца Лукас, а Егејците ја сакаат Анета Љумаковска – БРАВО за нашите од Грција (видео)
Една песна, милион емоции
Познатата фолк-пејачка Анета Љумаковска овие денови имаше настап за паметење пред нашинците во Егејска Македонија.
И како што и самата сподели на социјалните мрежи, таа е воодушевена од тоа како беше примена од гостите, но и од енергијата што заедно успеаја да ја создадат пеејќи и играјќи ора на убавите македонски песни.
„Голема благодарност до нашинците од Егејска Македонија за преубавиот дочек. Поздрав до сите и се гледаме во некоја следна прилика“, напиша пејачката под видеото што го сподели на својот Фејсбук профил.
Фејсбук/ Анета Љумаковска
Имено, таа по настапот се огласи и на социјалните мрежи ја покажа атмосферата што владееше во салата полна со Македонци.
Таа заедно со својот бенд беше пречекана како вистинска ѕвезда, а гостите цела вечер уживаа во нејзиниот преубав глас.
Фејсбук/ Анета Љумаковска
Посебно внимание привлече кога ја запеа „Песна ви пеам Македонци“, а како сето тоа изгледше, погледнете во продолжение…
Инаку, ова видео предизвика и бура од реакции на социјалните мрежи, но и илјадници лајкови од нејзините фанови.
Фејсбук/ Анета Љумаковска
„Во моментов Грција е земја каде што се пеат најмногу македонски песни. Овде во Македонија паѓаме во транс на ’Теа’’“, напиша еден корисник на социјалните мрежи и предизвика бројни коментари под видеото.
Фејсбук/ Анета Љумаковска
И речиси сите се согласни дека во Грција нашинците знаат да ги ценат и да уживаат во македонските песни, додека во нашата земја многумина ги потценуваат изведувачите на фолк-музика.
Фејсбук/ Анета Љумаковска
„Благодарение на младите од Егејска Македонија ќе опстане македонската песна, а овде кај нас понижување е да се слуша македонска песна по кафеани и ноќни клубови. Пред сé газдите не дозволуваат, па затоа нашите деца ќе ги слушаат нар*оманите како Аца Лукас, и други“, пишува во еден од коментарите.
Фејсбук/ Анета Љумаковска
„Ова лето имав прилика да одам во Овчарани на панаѓур за Илинден, само македонски песни пееја. Народот се свестува, се повеќе се декларираат како Македонци, само нашите политичари се откажаа од македонското малцинство во Грција“, напиша друг под видеото што го сподели Анета на Фејсбук.
А како Анета звучеше додека им пееше на македонски на Македонците од преубавата Егејска Македонија, погледнете во продолжение…