Наши ѕвезди

„Ние не сме од Македонија, но.. нашата душа пее на македонски“ – ќе се стопите од ова видео со Јанко

Една песна, милион емоции

Advertisement

Родени во Колумбија, ама очигледно со македонска душа

Повторно не можевме да останеме рамнодушни, а да не го споделиме ова видео со омилениот Колумбиец во Македонија.

Advertisement

Веќе и штрковите во нашата земја знаат за Колумбиецот Јанко кој со песна може да го стопи сечие македонско срце.

Принтскрин/ Фејсбук

Посебно кога ќе ја запее и засвири песната на Влатко Миладиноски со која неодамна ги воодушеви сите на социјалните мрежи (види тука). Само што овој пат не ја пее тој песната на Влатко, туку ужива во неговата изведба на еден негов неодамнешен настап.

Advertisement

И тука секако е и македонското знаме со Сонцето од Кутлеш, но и неговите верни пријатели од Колумбија.

Принтскрин/ Фејсбук

Како уживаше овој наш Јанко кој допатува дури од Колумбија за да ги запознае убавините на нашата земја, погледнете во продолжение:

„Иако сме од Латинска Америка, нашата душа пее на македонски“, пишува во описот на видеото објавено на профилот на Јанко.

Принтскрин/ Фејсбук

Потсетуваме, Јанко пред само неколку дена славеше роденден, кога доби илјадници честитки од цела Македонија.

Принтскрин/ Фејсбук

И самиот беше изненаден од бројот на пораките што ги доби, па сподели и снимка со која откри дека е во „шок“.

Повеќе за ова прочитајте тука>>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button