CelebrityИнтервју

Ние Македонците секаде сме исти – искрено со Влатко Миладиноски

Јас и брат ми музиката и љубовта кон неа, директно ја наследивме од нашите родители Миливој и Никодинка-искрено со пеачот Влатко Миладиноски

Реклама
Реклама

Влатко Миладиноски  е еден од нашите најпознати пеачи кои ја негуваат традиционалната македонска музика и прекрасен вокал.

Потекнува од Кичево каде што и пораснал. Свири на неколку инструменти како пијано, тамбура, гитара итн. Подоцна се запишува на Факултетот за Музичка уметност во Скопје, додека последната година и студиите ги завршува на Музичкиот Факултет со Штип. Влатко во музиката функционира заедно со неговиот две години постар брат, Златко Миладиноски кој е магистер по музика и свири на хармоника. Една од неговите најпознати песни е: „Велат не нема” со која победи на фестивалот Гоце Фест во 2018 година. За неговиот талент за музика вели дека го наследил од родителите, Миливој и Никодинка.

„Јас и брат ми музиката и љубовта кон неа, директно ја наследивме од нашите родители Миливој и Никодинка. Моментално важиме за една голема музичка фамилија, како продукција. Го спомнавте Дамјан а тука е и нашиот братучед Дарко, но тој список со вокални и инструменталисти солисти од нашата фамилија е доста долг и континуирано се зголемува“ вели во интервјуто за Гламур Миладиноски.

Маркетинг

Приватна архива

Без малку уште година и пол ќе славите 20 години на македонската фолк сцена, Останавте доследни ва својот стил на интерпретација, : “Велат не нема” со која победи на фестивалот Гоце Фест во 2018 година стана  печат и голем хит без кој не поминува ниту една веселба. Дали планираш некако да го обележиш јубилејот и задоволен си ли од она што го отпеа досега и цела твоја кариера?

Јубилеите се секогаш интересни и драги, но многу поважно е што ќе се направи во тој одреден период.

Маркетинг
Приватна архива

Мојот јубилеј е тука некаде, со надеж дека ќе дочекаме уште поголеми со поголеми успеси. Досега се надевам дека постигнатото е коректно но мислам дека има уште многу што да кажеме.

Колку е голема одговорноста да се има за вујко еден од нашите фолк легенди и голем пеач Војо Стојаноски, со оглед на тоа што останавте доследни на стилот кој Војо го негуваше, дали беше предност или одговорност да се стекне успехот?

Секогаш кажувам дека таквата позиција во која сме се нашле е голема чест со огромна одговорност.

Приватна архива

Вие сте едно големо музичко семејство, Вашиот брат Златко , братучедот Дамјан, Вашиот вујко, како започна љубовта кон музиката?

Јас и брат ми музиката и љубовта кон неа, директно ја наследивме од нашите родители Миливој и Никодинка.

Моментално важиме за една голема музичка фамилија, како продукција.

Го спомнавте Дамјан а тука е и нашиот братучед Дарко, но тој список со вокални и инструменталисти солисти од нашата фамилија е доста долг и континуирано се зголемува.

Приватна архива

Вие не само што пеете туку и свирите на неколку инструменти како пијано, тамбура, гитара, кој ви беше ментор за да научите да ги свирите и дали и ден денес знаете да засвирите на нешто, кој инструмент најдобро го владеете?

Секако дека музичките инструменти се дел од мојот живот.

Ментор е мојот 2 години постар брат Златко кој првично индиректно со тоа што постојано музицираше низ нашиот дом, ме инфицира и ми ги внесе желбата и интересот кон тие инструменти, за потоа да следи и моето музичко образување.

Првиот мој инструмент е тамбурата, а омилен да музицирам на него, дефинитивно e пијаното.

Додека сакам да ги слушам сите инструменти во нивниот сјај.

Приватна архива

Многу настапи имате во дијаспората, каква публика се Mакедонците што живеат во дијаспората и на кои песни најмногу се веселат?

Да, покрај настапите тука, исто така многу често настапувам низ македонската дијаспора.

Ние Македонците секаде сме истите.

А секогаш најинтересни и најбарани се нашите најновите песни, но и без старите не поминува ниту една забава.

Приватна архива

Каде е твоето гнездо кога не си на пат, раскажи ни нешто околу твојот приватен живот?

Гнездото е секогаш околу семејството.

Приватна архива

Како успеваш и покрај редовните патувања да се посветиш и на најблиските?

Јас се трудам колку што е можно повеќе да бидам со нив во секојдневните обврски но и во  наши заеднички прошетки. Бидејќи сме многу често отсутни од дома па затоа во секој можен момент гледаме да го наполниме тоа време.

Секако дека не е лесно да се постигне тој компромис, но со малку труд од сите страни се може да се постигне.

Колку често одиш во родното Кичево и што ти недостига најмногу во родниот крај?

Кичево одам често, различно во различни периоди од годината.

Преку летото сум повеќе таму и од таму функционирам и патувам на сите мои настапи, а особено и со драго срце одам на нашата викендица во Јаорец, место кое што ми недостига најмногу и секогаш,и е место на кое што секогаш сакам да се враќам.

Приватна архива

Дали се сеќавате како се запознавте со сопругата и со што Ве освои?

Запознавањето со мојата сопруга се случи  во Охрид, и токму Охрид е градот кој што најчесто го посетуваме. Случајно или не…(😁)

Влатко како сопруг, не е лош. Си велам…😁

П.С. Ќе прашам па ќе ви кажам..(😁)

Приватна архива

Татко на две керки сте , каков татко е Влатко и дали некоја од нив има талент за музика?

Да. Илина и Андреа се моите две ќерки.

Со сопругата се трудиме скромно и патријархално да ги воспитуваме.

Талентот за музика кај нив е неминовен но и не мора ништо да значи во нивната иднина.

Тие се задоени со љубов кон Македонија и со сè што е македонско.

Слушаме доста македонска музика по дома и веќе знаат многу песни па дури да речам и повеќе од некои пејачи/ки што се занимаваат со пеење. Ги слушаат моите песни но исто така и сите нови песни од моите колеги и колешки. Според мене домашното детско воспитување е најважно за еден човек, исто така и за една држава е важно од дома да се всади љубовта кон татковината. Во спротивно ќе ни се случува тоа што ни сè случува.

Приватна архива

Знам дека многу често знаете и нешто да зготвите, што е тоа што најчесто го готвите?

Јас со готвењето сум максимално скаран.

„Готвев” за прв пат еднаш многу одамна во емисија од хуманитарен карактер и дури победив. И тоа беше последно мое такво искуство. За жал или среќа…кој да знае.. (смеење)

Што Влатко го прави среќен а што Ве вади од такт во секојдневието?

Ме прават среќен многу мали работи.

Ме прават среќен добра песна, добра музика.

Квалитетни средби и дружби.

Додека околу тоа што ме вади од такт, веќе на многу работи што ми сметаа се навикнав и уморно гледам како се повторуваат.

Во секој случај низ животот се менуваат приоритетите и така се навикнуваме на секоја ситуација..

Како се станува успешен пеач, има ли рецепт?

Хахахах…

Па прво правило, никогаш не треба самите да се дефинираме како такви.

Секогаш мора да гори желбата за музицирање, творење и создавање музика и нови песни…

Само песните се тие што остануваат.

Каде за Нова година дали имате договорено веќе нешто ?

Новата година и новогодишните празници заедно со Божик ќе настапуваме во Америка на нашата турнеја таму.

А за Стара нова година патот не носи во Канада.

Нова песна кога дали спремате нешто?

Најново од нас е “Песната за Св. Наум Охридски” за која што снимив и видео запис во манастирот.

Пред него го објавивме и видео записот за веќе популарната песна “Петко љубел многу жени”.

Континуирано објавуваме видеа од “Народно до Максимум” со обработки на стари и заборавени песни.

Секако дека работиме на многу нови песни кои што во догледно време ке го видат светлото на денот.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button