„Ни рецепт, ни принцот Хари“ – првата емисија за готвење на Меган Маркл е дебакл, критики пристигнуваат од сите страни
Првата епизода од новото шоу за готвење на Меган Маркл е остро критикувана на интернет. Гледачите не разбрале зошто воопшто ја гледаат емисијата: Меган не го покажала принцот Хари ни нивните деца Арчи и Лилибет, а во емисијата немало ни рецепт.
![](/wp-content/uploads/2025/02/megan.png)
„Меган не кажа ништо од типот „потребно ви е 200 грама брашно“ или нешто слично“, „Ова е се друго само не емисија за готвење“, „Станува збор за инспирација – повеќе како „зошто да не пробате да ја направите оваа тестенина или овој десерт“, „Хари никаде го нема“, се само дел од бројните негативни коментари.
Според многумина, оваа емисија е посветена само и конкретно на Меган, која сака да се позиционира во јавноста одвоено од принцот Хари. Според Нетфликс пак, емисијата за готвење на војвотката од Сасекс е наменета да комбинира „практични совети и искрени разговори со пријатели, нови и стари“.
Претходно, инсајдер објави дека Меган Маркл и принцот Хари нема да се разведат дури и ако има проблеми во нивниот брак, бидејќи тоа не е од корист за нив.
„Тие вредат повеќе заедно. За нив не е профитабилно да се разделат – сите нивни зделки се заеднички“, тврди инсајдерот за Дејли меил.
За проблемите во нивната врска досега многупати се зборуваше, наводно тие живеат одвоено, а принцот Хари е уморен од постојаната контрола на Меган, му недостасува неговиот минат живот, па дури е подготвен да склучи мир со своите роднини и да се врати во Англија. Во меѓувреме, парот почна и почесто да се појавува во јавноста одвоено што дополнително ги подгреа гласините.