Новата колекција на познатиот бренд New Yorker е во знакот на разиграни дезени и најбараните бои на сезоната, од зелена до бургунди.
Бургунди нијансите заедно со црвената боја се неприкосновени оваа сезона, но покрај нив во продавниците на New Yorker ќе ја сретнете и темнозелената, а од останатата палета на бои која е вообичаена за овој период од годината се истакнува жолтата и тоа најмногу онаа во нијанса на есенските лисја. Што се однесува до моделите покрај мали и средни црни фустани вниманието ни го привлекуваат и класичните модели од тантела или кои се зачинети со цветни дезени, направени во духот на женственоста и романтиката.
Па, отворете ја галеријата и погледнете ги најдобрите модели што ги избравме откако внимателно ја разгледавме целата колекција.
види повеќе » |