Невообичаен момент во скопски клуб – Угро објави видео што го разнежни интернетот! (Видео)
Advertisement
Естрада2 часа ago
Никола Угриновски – Угро / Фото: Скриншот/Јутјуб
Поранешниот рапер Никола Угриновски – Угро, кој е дел од првата генерација на македонски хип-хоп изведувачи, сподели емотивен момент поврзан со неговата ќерка.
Таа неодамна се забавувала во ноќен клуб во Скопје, каде што ја запеала токму неговата песна „Знам дека си ти“ – големиот хит кој годинава полни речиси три децении.
Advertisement
Гордиот татко го сподели видеото на социјалните мрежи со коментар: „Чудно е кога твое дете пее твоја песна во клуб, 28 години откако е направена“.
Денес 53-годишниот Угро живее надвор од Македонија, затоа што веќе повеќе од една деценија работи на брод. Иако често патува низ светот, редовно се враќа дома за да помине време со своите две ќерки кои живеат во Скопје.
Advertisement
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .