Невиден спектакл во Градот под Исарот – Мерлин одличен, пастрмајлиите вкусни, народот презадоволен
Ваков настан досега се нема случено во овој град...

Пејачот ги сруши рекордите во Штип
Градот под Исарот вчера беше епицентар на музичка магија, а главна ѕвезда на вечерта беше генијалниот Дино Мерлин.
Имено, вчера во склоп на „Штипската пастрмалијада“ легендарниот пејач одржа концерт за паметење во Штип.
Принтскрин/ Иван Јорданов, ФБ
Мерлин беше главна ѕвезда на вечерта, а пред него настапија Елена Ристеска и Владо Јаневски кои исто така воодушевија.
Но кога Мерлин се појави пред илјадниците граѓани од цела Македонија на штипскиот стадион, еуфоријата беше невидена.
Инстаграм
Од преголема посетеност, и на автопатот Скопје – Штип имаше голема гужва, како и на сите останати патишта што водат кон градот.
Како што беше објавено на Фејсбук страницата „Штипска идила“, на спектаклот на Дино Мерлин имало преку 130.000 посетители од цела Македонија, така што ова дефинитивно е еден од најпосетуваните музички настани во историјата на овој град.
Фотографии од настанот сподели и градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, а сподели и како работниците во ЈП Исар го расчистуваат теренот по незаборавната вечер што ги воодушеви сите.
Мерлин ги сруши сите рекорди
Публиката од цела Македонија уживаше во безвременските хитови и песни кои Дино Мерлин ги изведе со посебна енергија.
Големо воодушевување беше и настапот на Елена Ристеска и Владо Јанески, а инфлуенсерката Маја Кикириткова, која е штипјанка, на својот профил го сподели воодушевувањето од пејачите.
Инстаграм/ Маја Кикириткова
Инстаграм/ Маја Кикириткова
Од самиот почеток беше повеќе од јасно дека ова ќе биде незаборавна вечер, а Мерлин со својот генијален настап уште еднаш потврди дека музиката нема граници. Емоциите и љубовта што ги шири музиката се универзални, па овој концерт дефинитивно ќе остане запаметен како настан што ги надмина сите очекувања.
@macedonian_girl_19