Наши ѕвезди

Невиден скандал со балканската фолк-дива во срцето на Македонија – што и требаше ова на познатата пејачка

Светлана се помрачи во Македонија...

Advertisement

Невиден гаф на познатата фолк-пејачка

Кралицата на фолк-музиката на Балканот, Светлана Цеца Ражнатовиќ, вчера го направи можеби најголемиот гаф во својата кариера.

Advertisement

Имено, таа вчера одржа концерт во Велес, каде што навистина приреди вечер за паметење, но не заради добриот провод, туку заради непромислениот чекор од нејзина страна.

Принтскрин/ ТикТок

Од снимките што се појавија на социјалните мрежи, може да се види како некој и го дава бугарското знаеме на пејачката, која потоа ќе го рашири пред публиката и ќе го бакне, со што беше исвиркана од страна на публиката, но и предизвика бура од реакции на социјалните мрежи.

Проблемот беше во тоа што Цеца овој пат на сцената рашири бугарско знаме, што предизвика негодување кај публиката.

Принтскрин/ ТикТок

Овој нејзин гаф во Македонија денес е главна тема, а концертот заврши како вистинско фијаско за пејачката

Цеца по изразеното незадоволство од страна на публиката реагираше збунето, по што го изјави следното.

@nastupi_poznatih00

Ceca Raznatovic uzivo iz Velesa Severna Makedonija #ceca #cecaraznatovic #veles #koncert #viral

♬ original sound – nastupi_poznatih

„Океј, мислев дека е љубов меѓу сите, одиме понатаму“, но беше исвиркана од публиката заради овој потег.

Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение:

@amihajl8v

#ceca #mikisekulovski #viral macedonia🇲🇰 @CECA Избркана од Велес, прекинат концерт. Има само една 🇲🇰

♬ original sound – Amihajlov

Иако, нејзината намера беше непромислена, а не злонамерна, оваа ситуација предизвика огромно незадоволство меѓу присутните на концертот, но и на социјалните мрежи по самиот настан.

Принтскрин/ ТикТок

Холивуд сака да сними филм за Цеца?

Во една пригода, Цеца а медиумите откри дека има одбиено понуда да снимаат филм за нејзиниот живот и тоа од Америка.

„Постојат повеќе понуди и обиди да се направи нешто такво, но јас ги одбив. Добив понуда и од Американците, но не сакав да ја прифатам бидејќи имаа намера да ја откупат мојата биографија, а потоа да ја менуваат. Никогаш не би дозволила некој да ги менува работите од мојот живот и со нив да прави што сака. Такви работи се недозволиви“, изјави Цеца во една пригода во интервју за еден познат српски портал.

Извор: Информер.рс

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button