CelebrityНовостиСтил

Невиден скандал на изборот за Мис Универзум – Мексиканката ја напушти церемонијата, останатите ѝ се придружија 

Најмоќен чин на женска солидарност во историјата на натпреварувањето.

Advertisement

Најголемото светско натпреварување за убавина, „Мис Универзум 2025“, кое моментално се одржува во Бангкок, стана центар на светското внимание поради неочекуван скандал што ја потресе церемонијата.

Мексиканската претставничка Фатима Бош (25) го напушти настанот по јавна расправија со тајландскиот организатор на националниот настан, Науат Ицарагрисил (60), кој за време на пренос во живо ја навредил со зборот „глупава“.

Advertisement

Инцидентот настанал кога Науат јавно ја обвинил Бош дека пропуштила снимање за еден спонзор, по што атмосферата станала напната. Мексиканката, видливо потресена, одбила да биде понижена пред останатите учеснички и демонстративно ја напуштила просторијата.

принтскрин инстаграм

Неколку натпреварувачки, меѓу кои и актуелната Мис Универзум Викторија Кјер Тејлвиг (22), ѝ се придружиле во знак на солидарност.

Сцените од конфликтот веднаш се проширија на социјалните мрежи, каде што корисниците ја прогласија ситуацијата за „најмоќен чин на женска солидарност во историјата на натпреварувањето“. Хаштагот #StandWithMexico и #JusticeForFatima станаа глобално вирални.

Од организацијата „Мис Универзум Мексико“ веднаш издадоа соопштение во кое целосно застанаа зад Фатима Бош, нагласувајќи:

„Ниту една жена, на која било сцена, не заслужува да биде понижена.“

Оваа изјава предизвика силен одек во Латинска Америка, каде што Бош стана симбол на достоинство и смиреност.

Неколку часа подоцна, официјалната организација на „Мис Универзум“ реагираше со соопштение во кое потврди дека останува посветена на „почитување, безбедност и професионална атмосфера“. Најавија и пристигнување на висока делегација во Бангкок со цел да се разгледа ситуацијата и да се обезбедат услови за продолжување на натпреварот.

Фотографиите од напуштањето на сцената, снимените солзи и аплаузот на публиката, станаа симбол на момент што го надмина светот на убавината, претворајќи го во приказна за достоинство, храброст и меѓусебна поддршка меѓу жените.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button