Невестата цела во злато, како во турските сапуници – македонската Гранд ѕвезда ги изненади сите
Беше весело во домот на младата пејачка
Пејачката од Македонија, Мелиса Зијадиќ, која минатата сезона беше финалистка во „Ѕвездите на Гранд“, сподели убава вест на Инстаграм.
Имено, нејзината сестра Бинела пред неполн месец дена му кажа „да“ на своето момче, па сега Мелиса сподели фотографија од церемонијата на која невестата блескаше во венчаницата и златниот накит.
Потсетуваме, и Мелиса по завршувањето на „Ѕвездите на Гранд“ му кажа „да“ на своето момче кое често ја поддржуваше во шоуто.
Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Нивната веридба беше како во турските серии, кога Мелиса на официјалната церемонија исто така блескаше во злато.
Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ
Тука беа и скапоцените подароци и неколку раскошни торти со иницијалите на среќниот пар кој по три години врска реши да заплови во брачни води, како и преубавата златна огрлица за невестата и рачниот часовник.
Повеќе за ова прочитајте тука…
Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ
Потсетуваме, 18-годишната Мелиса потекнува од прилепското Лажани од каде и легендарниот пејач Јашар Ахмедовски.
Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ
Таа е скромна и искрена личност, а нејзин музички идол е Драгана Мирковиќ чии песни најчесто ги изведуваше во „Ѕвездите на Гранд“.
Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ
Мелиса во ова шоу го освои високото петто место, а беше во тимот на Светлана Цеца Ражнатовиќ, заедно со Мики Секуловски.