И невестите не се она што беа некогаш
Порано се знаеше – невестата МОРАШЕ да биде во венчаница која е во бела боја, со должина до подот, која ги покрива рацете, грбот, деколтето (бидејќи само така може да влезете во црква). Денес пак на венчавки и свадби можеме да видиме се и сешто – миничи и венчаници во најразлични бои, па дури и црни кои повеќе никого не изненадуваат, како ни оние кои се со длабоко деколте или моделите кои имаат потполно гол грб и сл.
Па дури и ова!
Па, што? Ако девојката е згодна и убава зошто да не ја покаже својата убавина и своето тело на најубавиот ден од својот живот, велат едни. Нека се покаже во спалната соба и пред својот сопруг, а на венчавката нека биде пристојна, велат другите.
Но што мислите вие?
Дали венчаницата мора да биде долга и бела?