Неверојатно се скапи, жените ги обожаваат – папучите на водителката Лила Филиповска се хит во светот
Омилените папучи на многу дами и за ова лето

Нашата позната водителка често знае да привлече внимание со луксузните модели што ги има во своите плакари.
Така беше и овој пат кога со своите фотографии предизвика бројни реакции на својот профил на социјалните мрежи.
Нашата позната водителка Лила Филиповска со една своите последни објави повторно го привлече вниманието на јавноста.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Овој пат во прашање беа нејзините луксузни папучи од светски познат бренд кои им се омилени и на најпознатите светски трендсетерки, а чија цена може да достигне и преку 800 долари.
Фотографиите веднаш предизвикаа лавина коментари на социјалните мрежи, а сите се согласни дека изгледа прекрасно.
Инстаграм/ Лила Филиповска
„Преубава си Лиле, како принцеза“, „Најубавата жена во нашата Македонија“, „Убава како и секогаш“, „Најубава, кралица“ беа само некои од бројните позитивни коментари што водителката ги доби под нејзината објава.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Симбол на летниот луксуз
„Сезоната на папучи е отворена“, напиша таа во описот на фотографиите што ги сподели на својот Инстаграм.
Потсетуваме, популарните папучи од Хермес што Лила ги носи веќе со години се симбол на летниот луксуз.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Овој модел е достапен во повеќе нијанси и им е омилен на многу познати дами, но нивната висока цена предизвикува реакции.
Лила ги носеше во интересна комбинација, а целото издание го заокружи со луксузна чанта од Луј Витон и црни очила за сонце.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Погледнете уште неколку интересни изданија на Лила кои се „зачинети“ со овие популарни папучи од Хермес.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Инстаграм/ Лила Филиповска