Неверојатно личи на Кајли Џенер – Симона во сензуално кадифе со драматичен шлиц ги зашемети сите
Таа создаде сцена што пулсираше со емоција, зрелост и суптилна женственост

На јубилејното 40-то издание на фестивалот „Макфест“, Симона Поповска повторно ја потврди својата уметничка автентичност, но и тоа дека знае да го одржи својот беспрекорен изглед.
Со песната „Не ми доаѓаш“, чиј комплетен автор е Зоран Алексиќ, таа создаде сцена што пулсираше со емоција, зрелост и суптилна женственост.

Симона настапи во впечатлива креација на Златко Јовановски (ЈZЈ), темноцрвена кадифена тоалета со скулпторален крој, драматични шлицови и долг шлеп, која со својот холивудски сјај ја претвори сцената во модна писта.
Со минималистички накит и самоуверен став, таа потсети на стилот на најголемите филмски и музички диви, спојувајќи гламур, моќ и емоција во една слика. Многумина се согласија дека со ваквиот стајлинг неодоливо личи на Кајли Џенер.
Инаку, песната „Не ми доаѓаш“ е кулминација на нејзиниот досегашен уметнички циклус на песни во кој се вбројуваат „Бакни ме за крај“, „Без тебе“, „Ловец и плен“ и „Бели ноќи“. Преку секоја песна, Поповска ја отвора следната врата на емоционалната трансформација

„Секоја моја песна е дел од истиот процес,“- вели Симона.

„Не ми доаѓаш“ е кулминацијата на таа приказна, моментот кога жената престанува да бара љубов и почнува да ја разбира.

Публиката во Домот на културата во Штип ја награди со долг аплауз.



