Нега и здравје

Неверојатно – еве што се случува ако секое утро изедете две каранфилчиња на празен желудник

Advertisement

Каранфилчето, некогаш тргувано како злато, е зачин со илјадници години долга историја и неверојатна нутритивна вредност. Иако денес е достапен секому, неговата лековитост останува непроценлива. Овој ориентална цветна пупка не само што ја збогатува аромата на храната, туку има и моќни ефекти врз здравјето.

пекселс

Истражувањата покажуваат дека редовната консумација – по два каранфилчиња на празен стомак – може да го подобри имунитетот, варењето, па дури и да помогне во регулација на шеќерот во крвта.

Advertisement

Каранфилчето е богато со еугенол – супстанца која делува аналгетски, антивирусно и антибактериски.

Во 2014 година, студија покажа дека домашна подготвена течност за уста со масло од каранфилче, босилек и масло од чајно дрво е поефикасна отколку комерцијалните раствори. Уште повеќе, оваа мешавина се покажа дури и подобра во отстранување на штетните бактерии и спречување гингивитис и наслаги на заби.

фото-пекселс

Каранфилчето, покрај што ја одржува устата здрава, помага и кај вирусни инфекции. Според нова лабораториска студија, еугенолот ја спречува репликацијата на вируси како херпес, хепатит А и грип.

Advertisement

Сепак, со етеричното масло од каранфилче мора да се постапува со внимание – може да предизвика иритации или сериозни здравствени последици ако се користи неправилно односно во големи дози.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button