![](/wp-content/uploads/2025/02/foto.jpg)
Оригиналниот рецепт за фантастичен леб кој не е само леб, а ќе видите и зошто, е претставен на Јутјуб каналот Einfache Rezepte. Иако изгледа како обичен леб и тестото е исто како за класичен леб, можете да го консумирате како целосен оброк.
Овој совршен ручек ќе го засакаат и вашите најблиски, а сигурно ќе посакате повторно да го направите.
Подготовката не е комплицирана, не ви се потребни многу состојки – само добра волја и малку љубов во готвењето.
Состојки:
450 грама брашно
20 грама свеж квасец
2 лажици брашно
1/2 лажичка шеќер
1 лажичка сол
250 мл вода
100 мл маслиново масло
2 чешниња лук
Босилек
Магдонос
Црни маслинки
Моцарела
Подготовка:
Во 250 мл вода измешајте 20 грама свеж квасец, 2 лажици брашно и 1/2 лажичка шеќер. Покријте и оставете да нарасне околу 10 минути.
Во сад измешајте го квасецот со 450 грама брашно и 1 лажичка сол, па замесете тесто. Формирајте топка, покријте ја со крпа и оставете 30 минути да нарасне.
Кога тестото ќе нарасне, ставете го на набрашнета подлога и развлечете го во круг. Префрлете го на плех обложен со хартија за печење.
Со нож или секач за пица направете паралелни хоризонтални и вертикални засеци.
Во друг сад измешајте 100 мл маслиново масло, 2 исечкани чешниња лук, исечкан босилек и магдонос. Рамномерно премачкајте го тестото.
Наредете црни маслинки исечени на кругови и моцарела.
Печете во загреана рерна 20 минути на 180°C.
И тоа е сè! Останува само да уживате во овој совршен ароматичен леб!