Реклама
Холивуд

Порано беше ТОП МОДЕЛ и изгледаше супер, а сега води борба со вишокот килограми – погледнете ги неверојатните трансформации на Шанел

Реклама

Шанел Хејс веќе со години има проблем со килограмите

Имено, познатата британска ријалити ѕвезда за многу брзо време знае драстично да ослаби, но и да се поправи, а тоа го покажуваат и нејзините фотографии. Таа во 2011 откако забремени со фудбалерот Метју Бејтс, кој набргу и ја остави, рапидно се поправи, па во еден момент од конфекциски број 38 скокна дури на 46-ка. Тогаш за неа „храната беше како дрога“, а проблемот неколку пати се обиде да го реши и со липосукција, но за жал безуспешно.

Маркетинг

Но во еден момент поради папарацо фотографиите преку кои сфатила колку е поправена, реши да го доведе телото во ред. Се откажа од мрсната храна и почна неуморно да тренира, па наскоро следуваа и првите резултати.

Маркетинг

„Храната исто така може да има ефект како опијат, особено јаглехидратите и преработената храна. За мене тоа беше како дрога, посебно кога бев депресивна. Никогаш не бев задоволна со своите килограми, па дури ни кога носев број 34. Пред пет години бев навлечена на липосукција бидејќи сакав да носам што помал број на облека“, раскажува оваа дама која своевремено беше и успешна манекенка.

Но ваквата трансформација која ги изненади сите не траеше долго. Имено таа во август минатата година по втор пат стана мајка, овој пат со тогашниот партнер Рајан Оатс. Поради бременоста 31 годишната Шанел повторно се поправи, но овој поат само неколку месеци откако се породи се фрли на рестриктивен програм попознат како „диета за славни“. Таа неодамна на одмор во Шпанија ги покажа и првите резултати, но и се пофали дека ова е само почеток.

Исто така реши и да ги тргне инплантите од градите кои ги стави во 2011 признавајќи дека не може да дочека повторно да има природни гради.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button