„ Денешниве уметници на фотографија дефинитивно знаат да манипулираат со идеи и технички можности кои ги нуди оваа уметност.“
Ќе поговориме за уметничките фотографии на Sarolta Bán, млада оригинална уметница родена 1982 во Будимпешта, Унгарија. Таа всушност е дизајнер на накит, но откако ја открива дигиталната фотографија, таа станува нејзина најголема страст и просперитетна активност.
Таа во своите фотографии користи обични, секојдневни елементи, со различни карактери, но преку нивно комбинирање таа им дава посебна значајна приказна и ги продлабочува нивните карактери. Самата за себе вели дека се надева дека значењето на нејзините фотографии не е ограничено, дека истите се широко отворени пространства, кои му даваат можност на набљудувачот да ги трансформира од свој личен аспект.
Отфори Тефтер, потпиши се во коментарите! :)