Неверојатната судбина на детето родено без очи, нос и вилица – чудо му го смени животот, еве како изгледа денес
Животната приказна на 13-годишното момче продолжува да биде симбол на надеж и потврда дека медицината, хуманоста и храброста може да направат вистинско чудо.

Прет десет години, светот беше потресен од судбината на Јахја Ел Жабали, момче родено со тешки деформитети кои му оневозможуваа нормална животна функција. Без очи, нос и горна вилица, Јахја растел во изолација, далеку од љубопитните погледи на околината.
Неговата мајка, скршена од болка, плачеше за детето кое не можеше да гледа, да се смее или да изрази свои емоции. Неговата судбина беше обележана со страдање, но едно чудо го промени неговиот живот.

Она што изгледаше невозможно, стана реалност. Благодарение на хуманите луѓе и еден исклучителен хирург, Јахја доби нова шанса за живот.
Денес, благодарение на напредокот на медицината и храброста на докторите, неговиот живот е значително поразличен и посреќен.
Помошта дојде преку социјалните мрежи
Годината 2014 беше клучна за приказната на Јахја, која го освои светот. Таткото на неговиот најдобар пријател, допрен од судбината на момчето, сподели апел на социјалните мрежи за помош. Објавата предизвика огромен одек, а една од оние кои ја виделе беше и Фатима Барак, жена со мароканско потекло која веќе неколку години живеела во Австралија.
Фатима не можела да остане рамнодушна. Таа знаела дека без медицинска интервенција, Јахја нема никакви шанси, па решила да му помогне. Почнала да бара најдобар хирург кој ќе биде подготвен да го преземе овој сложен и тежок медицински случај, и го пронашла во Мелбурн – доктор Тони Холмс, угледен специјалист за реконструктивни операции.

Тешката одлука за патување во Австралија
По контактот со доктор Холмс, Фатима го испратила медицинскиот извештај на Јахја, и без оглед на големите предизвици, докторот решил да се обиде да помогне.
„Сметам дека секое дете заслужува да изгледа човечки. Јахја немаше таква можност, но ќе се обидеме да му ја дадеме“, рекол тој.
Кога Јахја стигнал во Австралија, неговата медицинска состојба била многу комплицирана, а реконструкцијата на неговото лице била исклучително сложена и опасна. Секое движење и процедура носеле големи ризици за неговиот живот.
Операцијата траела 18 часа
Во декември 2014, хируршки тим во Мелбурн започнал операција која го променила животот на Јахја. Прво, операцијата била планирана да трае 8 часа, но продолжила неверојатни 18 часа поради сложеноста на интервенцијата.
Тимот хирурзи внимателно ги поврзал коските, формирале нос од делови на неговата кожа и ја реконструирале структурата на лицето.
Најголемиот предизвик бил одвојувањето на мозочната обвивка од деформираните делови на черепот, што барало неверојатна прецизност. Во текот на операцијата, Јахја изгубил речиси половина од крвта, но неговото тело издржало.
Првата благодарност
По операцијата, Јахја се разбудил со целосно променето лице. Неговите родители, кои со години живееле во страв и во болка, конечно виделе надеж.
Кога успеал да го изговори своето прво „благодарам“, сите во болницата биле трогнати. Тоа било победа над патењето и судбината која не му била наклонета.

Нови операции и поглед кон иднината
После операцијата, Јахја добил шанса да живее живот кој никогаш не можел да го замисли. Научил да оди, да се снаоѓа во просторот и да изразува емоции.
Неговиот живот денес се подобрува секој ден, а дополнителни операции се планирани за да се продолжи реконструкцијата на лицето.
Денес, Јахја има 13 години и продолжува со опоравување, носејќи наочари кои му помагаат да се адаптира на светот околу себе.
Неговата приказна продолжува да биде симбол на надеж и потврда дека медицината, хуманоста и храброста може да направат вистинско чудо.