Реклама
BEAUTYНега и здравје

Неверојатна животна приказна – жена го користи своето суперсетило за мирис за да им помогне на научниците да откријат Паркинсонова болест за неколку минути!

Џој Милн првпат ја намирисала болеста на својот сопруг 10 години пред неговата дијагноза. Оттогаш сѐ се променило.

Реклама

Не секогаш ги избираме нашите таленти, дарови од природата. Супермоќта на Џој Милн, која ја наследила од семејството на нејзината мајка, се состои во многу акутно, силно чувство за мирис.

Милн можеби никогаш немаше да го искористи нејзиниот талент, или дарба, како сила за да направи нешто големо и добро да не беше нејзиниот денес покоен сопруг Лес Милн.

Лес и Џој се запознале во тинејџерските години и тоа било љубов на прв „мирис“.

Маркетинг

„Имаше прекрасен мирис на себе, машки, на мошус. Навистина имаше“, изјави таа за NPR.

По многу години среќен брак, Џој забележала дека нејзиниот сопруг, кој тогаш имал 30-тина години, развил „надворешен непријатен мирис на квасец“.

Маркетинг

Тековната шега, односно забелешка кон Лес ѝ била дека тој „не се капе доволно често“.

Конечно, мирисот на Лес нема да биде единственото нешто што кај него се променило. Џој забелеала дека нејзиниот некогаш забавен, внимателен сопруг целосно се трансформирал, станувајќи „нерасположен“, раздразлив, па дури и агресивен.

За жал, Лес не добил соодветна Паркинсонова дијагноза до 45-годишна возраст.

Џој не се посомневала дека некако, на некој необичен начин, можела да ја открие болеста на сопругот сè додека не отишла со Лес во посета на група за поддршка што се борела со Паркинсонова болест.

Тогаш забележала дека истиот карактеристичен мирис ја исполнува целата просторија.

Откако го споделила откритието со нејзиниот сопруг, таа знаела дека мора да преземе нешто.

Џој започнала да работи со истражувачи од Универзитетот во Единбург и преку серија експерименти потврдила дека може да намириса Паркинсонова болест со беспрекорна точност.

Сега научниците создадоа нов метод за откривање на оваа болест врз основа на посебната дарба на Џој.

Според верувањето дека Паркинсоновата болест влијае на мирисот на личноста поради хемиска промена во себумот кој го произведуваат жлездите, лекарите едноставно поминуваат со памук по задниот дел на вратот на пациентот, а потоа идентификуваат специфични молекули поврзани со невролошката состојба. Би-би-си објави дека тестот со кожен брис е 95% прецизен во лабораториски услови.

Иако овој медицински напредок е сè уште во рана фаза, откритието е ветувачко.

Во моментов не постои дефинитивен тест за да се добие Паркинсонова дијагноза и, како што објасни Џој за Скај њуз, болеста често не се идентификува додека пациентите немаат „над 50% од невронското оштетување“.

Сопругот на Џој починал во 2015 година на 65 годишна возраст. Доколку имаше рана дијагноза на болеста, можеше да даде можност да го подобри неговиот животен стил.

„Откриено е дека вежбањето и промената на исхраната можат да направат феноменална разлика и да дадат одлични резултати“, изјави Џој за „Гардијан“.

Таа, исто така, напомена дека тоа би значело објаснување за промените во расположението, а да не зборуваме за патувања и поминување повеќе време со семејството, односно, во искористување на максимумот од преостанатото време. Тоа е можеби најголемата благодат што може да ја понуди раната дијагноза.

Последната желба на Лес пред да почине била Џој да продолжи да го користи нејзиниот неверојатен талент, уверувајќи ја дека „тоа ќе направи разлика“ во животот на пациентите.

Џој го одржува тоа ветување и моментално ја проширува својата моќ за „супермирис“ која ѝ помага да намириса и други болести како рак и туберкулоза.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button