Таа боледуваше од рак поради што ја изгуби ногата, а потоа го остави нејзиниот сопруг заради девојка (!), стана успешна актерка, мајстор по јога и на крај ја победи тешката и неизлечива болеста.
Данијел Орнер навистина има неверојатна животна приказна. На нејзина 15 годишна возраст и беше дијагностициран рак на коските. Таа тогаш беше успешна спортистка, тркач, но за помалку од 12 месеци докторите мораа да и ја ампутираат ногата. Таа потоа со години одеше на хемотерапија и ги слушаше советите на докторите, но никако не успеваше да ја победи тешката болест. Дури ја советувале и дека секоја година треба да оди барем на една операција на белите дробови, затоа што од силните терапии на кои што била еднаш претрпела и анафилактички шок. И тогаш…
Тогаш оваа жена реши да го земе животот во свои раце…
Таа ја проучуваше анти-канцерогената исхрана, престана да оди на хемотерапија и одлучи да стане веган. Се хранеше исклучиво со зеленчук и природни сокови, а во меѓувреме започнала и со јога. Потоа одлучила да ја оствари својата детска желба и да стане актерка, во што успеала и тоа дополнително и ја вратило самодовербата. Таа исто така се разведе од својот сопруг со кого била во брак од средно училиште и тогаш сфатилa дека всушност е лезбејка. И тогаш се случи нешто неверојатно…
Кога отишла на контрола во 2011 година докторите и кажале дека веќе две години не боледува од рак. Тоа беше сигурен знак дека успеала. Со помош на својот начин на живот таа ја победила тешката болест и од очајна девојка без нога таа стана успешна актерка, спасителка и мајстор по јога.
Секоја чест за неа, но и за сите храбри жени како неа …