Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Што ги прави несигурни хороскопските знаци: Близнаците не можат да си ги простат грешките, а Лавовите се полни со љубомора

Реклама

Ретко која личност може да се пофали со тоа дека никогаш не почувствувала несигурност, затоа што речиси сите сме родени со одредени доблести, но и мани. Еве како секој хороскопски знак се бори со своајта несигурност.

Овен

Овенот е несигурен кога чувствува дека не е сакан. Тој во секој момент мора да знае дека неговиот партнер го сака и го почитува.

Бик

Несигурноста кај овој знак е предизвикана од чувството дека не ги задоволуваат туѓите стандарди или чувството дека не се вклопуваат со другите.

Маркетинг

Близнаци

Кај Близнаците чувство на несигурност може да биде поттикнато од донесувањето погрешни одлуки. Тие самите себеси не можат да си ги простат грешките од минатото.

Рак

Кај Раковите несигурноста е поттикната од помислата дека тие не прават доволно добрини за луѓето кои ги сакаат. Многу се емотивни и се врзуваат за својот партнер.

Маркетинг

Лав

Љубомората прави Лавот да се чувствува несигурен. Кога се несигурни, стануваат посесивни и уште пољубоморни. На Лавот му е важно другите да се огледуваат на него и да му се восхитуваат.

Девица

Несовршеноста (и внатрешна и надворешна) може да предизвика Девицата да се чувствуа несигурно. Знаат дека никој не е совршен, но тоа не значи дека не тежнеат кон совршенство.

Вага

Вагите се енсигурни кога се споредуваат со другите. Без оглед на тоа колку многу постигнале во животот, секогаш постои некој кој е подобар од нив.

Скорпија

Кај овој знак несигурноста предизвикува изолација. Скорпиите се особено чувствителни и понекогаш може да се повлечат од светот. Колку повеќе Скорпиите се повлекуваат во својот свет, толку повеќе немаат контакт со реалноста која ги опкружува.

Стрелец

Неуспехот во животот е тоа што предизвикува несигурност кај Стрелците. Кога Стрелецот трпи губење, како што е смрт на сакана личност, отказ, одбивање или неуспех во љубовта, толку повеќе им се намалува нивната самопочит.

Јарец

Кај Јарците енсигурноста поттикнува голема грижа. Тие многу се грижат, а кога работите не се одвиваат според нивниот план, почнуваат да размислуваат за најлошото можно сценарио.

Водолија

Нефлексибилноста предизвикува тие да се чувствуваат несигурно. Кога Водолијата е во положба да нема слобода да го прави она што го сака, таа се чувствува многу несигурно и нестабилно.

Риби

Рибите може да бидат премногу чувствителни во некои друштвени случувања, па може да се чувствуваат надвор од својата зона на сигурност. Тие сакаат луѓе и обожаваат да се забавуваат, но нивната неспособност понекогаш ја храни нивната несигурност, па не можат да се опуштат и да бидат она што се.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button