Реклама
BEAUTYНега и здравје

Непроценливи трикови и рецепти за нега и убавина што треба да ги знае секоја жена!

Реклама

Секоја жена сака да изгледа убаво и негувано. Но, понекогаш изгледа дека со некои проблеми не можете да се изборите сами. Еве неколку рецепти кои ќе ви помогнат не само да изгледате убаво, туку и да заштедите време и пари.

За убава коса

Ако косата брзо ви се масти, тогаш може да ви помогне морската сол. Едноставно додајте 2-3 супени лажици сол во својот омилен шампон и коренот на косата ќе ви остане чист подолго време.

Маркетинг

За густи веги и трепки

Не фрлајте ги старите шишиња од маскара. Измијте ги и во неа ставете рицинусово масло, витамин Е и сок од алое. Со четката од маскара лесно нанесете од смесата на трепките и веѓите. Повторувајте ја оваа постапка секоја вечер пред спиење, во рок од месец дена.

За затегнато тело

Антицелулитни третмани може да направите и во својот дом. На пример, измешајте 2 супени лажички изрендан ѓумбир, 5 лажички козметичка глина и 10 супени лажици топла вода. Нанесете ја смесата на проблематичните делови на телото (стомакот, колковите, рацете) и замотајте со кујнска фолија. Оставете да делува 1 час, а потоа истуширајте се со топла вода. Повторувајте ја оваа процедура еднаш неделно.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button