Непрепознатлива – албанската Бијонсе со својот секси настап растури на Евровизија. Погледнете како изгледа со кратка коса!
Претставничката од Кипар Елени Фореира дефинитивно го имаше најпровокативниот настап на овогодинешната Евровизија …
Поради нејзиното атрактивно тело, бујна коса и жешкиот настап многумина ја споредија со Бијонсе, а во продолжение ќе ви прикажеме неколку фотографии од нејзиниот профил на Инстаграм за да видите каков имиџ „фурала“ пред неколку години оваа атрактивна и убава девојка.
Елени има 31 година и се декларира како Гркинка иако е родена во гратче во југозападна Албанија.
https://www.instagram.com/p/BiRqnull9tx/?taken-by=foureira
Таа живее во Атина, а покрај музиката се занимава со танцување, глума и дизајнерство. Сепак, покрај кариерата како пејачка вниманието на јавноста во Грција го има привлечено и со невистините што ги има кажано за неа.
https://www.instagram.com/p/BY7zsRtFMCV/?taken-by=foureira
Имено, од почетокот на кариерата ја следат приказни дека има албански корени, но таа ги демантираше во неколку наврати тврдејќи дека е – Бразилка.
https://www.instagram.com/p/Bf1PQKDFF0H/?taken-by=foureira
Тоа го тврдеше додека пееше во бендот Мистик, а кога започна со својата соло кариера зборуваше дека нејзиниот татко е од Атина, а мајката од Јанине во северозападна Грција, не сакајќи да го открие местото на своето раѓање.
Покрај музиката и бројните невистини што самата ги пласираше за себе, Елени во Грција е во центарот на вниманието и поради нејзиниот љубовен живот. Tаа од пред неколку години е во врска со шпанскиот фудбалер Алберт Ботија кој игра за Олимпијакос.
https://www.instagram.com/p/Bh6r7gOFGs-/?taken-by=foureira
Интересно е и тоа што досега три пати се натпреварувала за грчкиот избор за Евровизија, а најблиску до победата беше во 2010 година кога беше втора. Но оваа година без проблем помина на изборот во Кипар, а на Евровизија го освои второто место веднаш по победничката од Израел.
Инаку, Елини која токму поради бујната коса ја споредуваа со Бијонсе пред неколку години носеше кратка фризура.
Погледнете како таа изгледа со кратка, машка фризура.