
Сара Пројовска и Андреја Ѓоргиевски ќе бидат погребани утре во Скопје.
– Погребот на нашата драга и сакана, непребол, вонреден професор м-р Сара Пројковска ќе биде утре, 20.3.2025, четврток, на гробиштата во Лисиче. Телото ќе биде изложено во црквата Св. Петар и Павле во Лисиче од 12 часот, известуваат од Факултетот за музичка уметност Скопје.
Андреј од ДНК ќе биде погребан исто така утре на гробиштата Бутел во Скопје, во 10 часот ќе има молитва во капелата.
Потсетуваме,според очевидци Андреј прво успеал да се спаси од катастрофалната несреќа што се случу во дискотеката Пулс, го напуштил објектот, но се вратил да извлекува млади лица и при херојскиот чин настрадал.

Во страшниот пожар што се случи во дискотеката Пулс во Кочани загинаа најмалку 59 лица, а преку 150 се повредени.
Меѓу починатите се и осум членови на групата „ДНК“ – пејачот Андреј Ѓорѓиески, тапанарот Ѓорѓи Горгиев, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов, придружниот вокал Сара Пројковска, тон-мајсторот Игор Велков и битбоксерот Мартин Атанасовски. Владимир Блажев – Панчо, кој заедно со Андреј е еден од основачите на бендот, ја преживеа несреќата, но во моментот е во болница со тешки изгореници и е приклучен на кислород. Несреќата ја преживеа и Ана Костадиновска, придружен вокал во групата, која во моментот е во стабилна состојба.