Непосредно пред Задушница исплива снимка со непрежалениот Зоки Фаци што сите ги растажи
Овој викенд православните христијани ја одбележуваат Задушница, во знак на сеќавање на починатите...

Пријателката ја објави, во знак на сеќавање
На социјалните мрежи се појави колаж направен од неколку фотографии со Зоки Фаци што сите ги потсети на него.
Имено, една од неговите најдобри пријателки и жена која Зоки Фаци често знаеше да ја спомене, Хелена Роза, на својот Инстаграм сподели снимка направена од фотографии на кои е познатиот водител.
Таа на овој начин се потсети на својот драг пријател, но и покажа колку и недостига неговото друштво.
Инстаграм/ Хечена Роза
Зоки секога беше насмеан и знаеше да ги расположи своите пријатели, па дури и до последниот ден од животот остана таков.
Инстаграм/ Хечена Роза
Познатата водителка нема никогаш да го заборави
И токму затоа неговото прерано заминување ги трогна сите, па кај оние што го познаваа ќе остане непрежален засекогаш.
Инстаграм/ Хечена Роза
Зоки почина на 1 ноември 2024 по долго и тешко боледување, а тажната вест тогаш ја соопшти неговиот пријател Стефан Лазаров.
Инстаграм/ Хечена Роза
Познатиот новинар неколку години водеше битка со опаката болест, но и покрај тоа што поминуваше низ тежок период , до крај остана насмеан и полн со позитивна енергија, секогаш расположен за дружба.
Инстаграм/ Хечена Роза
И токму како таков многумина и денес се сеќаваат на него, посебно неговите блиски пријатели со кои беше неразделен.
Инстаграм/ Хечена Роза
Еден од нив секако е и јутуберот Стефан Лазаров со кого Зоки последните неколку години снимаше заедно и повторно се врати на сцената.
Инстаграм/ Хечена Роза
Стефан деновиве го објави и својот спот кој го сними со Тамара, а кој првенствено му го посвети на Зоки, но и на сите оние што повеќе не се со нас, кои ни недостасуваат и кои нема да ги заборавиме.
Инстаграм/ Хечена Роза
Па во нивно име, ја пуштаме песната на глас и по кој знае кој пат се сеќаваме на нив преку овие стихови.
Нека им е лесна земјата на сите нив!