Рецепти

Непечен чоколаден колач

Реклама
Реклама

Одличен рецепт за сите што сакаат благо но немаат многу време да прават колачи и торти. Оваа торта е многу брза и едноставна, не се пече, а има извонреден вкус!

Маркетинг

Состојки:
800 гр. бисквити
1/2 л. млеко
200 гр. чоколадо
250 гр. маргарин
3 кесички ванилин шеќер

Глазура:
200 гр. чоколадо за готвење
1,5 дл. слатка павлака
1 лажица маргарин

Подготовка:
Растопете го чоколадото, маргаринот и ванилиниот шеќер во топло млеко. Издробете ги бисквитите, прелијте ги со топлото млеко и измешајте. Во соодветна тава или калап со облик по желба поставете фолија за да можете подоцна колачот лесно да го извадите, распоредете ја рамномерно смесата со бисквитите и оставете ја во фрижидер два-три часа за убаво да се стегне.

Маркетинг

Подготовка на глазурата:
Загрејте ја слатката павлака, тргнете ја од шпоретот, додадете ги во неа парчињата чоколадо и маргаринот, измешајте да се добие рамномерна сјајна смеса и оставете ја да се олади на собна температура. Кога ќе се олади прелијте ја преку готовиот колач.

Извор: blog.neum-bih.com

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button